ДО САБОТА И ВО СКОПЈЕ БЛИЗУ 30 СТЕПЕНИ: Еве какво ќе биде времето деновиве
Објавено во: Македонија 13 Март, 2025 08:28
До сабота (15 март) ќе дува силен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина дури до околу 80 км/час). И во Скопје и околината повремено ќе дува силен ветер од јужен и од југоисточлен правец, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Поради силното јужно и југозападно воздушно струење, од Сахара кон нашата Република Македонија и понатаму се врши транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата е позначително заматена, а времето е многу мачно и спарно.
Ш то се однесува до температурите, тие особено до сабота ќе бидат рано – летни и ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината. Односно, тие речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, а на повеќе места тие ќе се искачат и до околу 25 степени. Во Повардарието температурите очекуваме да достигнат дури до околу 30 степени. Во Скопје за време на овој период температурата ќе се искачува близу 30 степени“, вели тој.
Фото:ПиксабејМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




