До сега на сметката на ЕСМ префрлени 80 милиони евра од Владата
Објавено во: Економија 29 Декември, 2021
На сметката на АД ЕСМ до сега легнале 80 милиони евра од владиниот буџет. откако е донесена уредбата за прогласување на вонредна енергетска криза.
По префрлените 4 милијарди денари во текот на ноември, уште 930 милиони денари се префрлени пред десетина дена. Овие „кризни“ 15 милиони евра се префрлени за набавка на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино.
Термоелектраната непрекинато произведува електрична енергија од 18 декември, и работи со половина капацитет, односно со еден котел.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски најави дека во јануари ќе се вклучи и вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок во РЕК Битола.
Според Ковачевски, со максимално ангажирање на сите производни капацитети, ќе се обезбеди снабдување за грејната сезона и ќе излеземе од енергетската криза без рестрикции, вложувајќи напори да се избегнат ситуациите кои веќе се случуваат во околните земји во однос на снабдувањето со електрична енергија.
За почеток на работата на термоелектраната биле обезбедени 38 илјади тони мазут, преку јавен оглас на АД ЕСМ, со кои таа може да работи непречено до средината на јануари. За следните четири месеци, додека трае грејната сезона, до крајот на април, АД ЕСМ планира да објави нов јавен повик за набавка на мазут. На претходниот се јавила само една лиценцирана компанија на мазут, од шесте кои работеле во Македонија.
Инаку вчера на системот за електронски набавки беше објавено дека државни електрани за сума од приближно 5 милиони евра ќе ја ангажира помошната механизација на „Марковдки компани“ и „Руд Коп“ во постапка со преговарање без објавување на оглас.
Во постапка со преговарање без објавување на оглас претходно беше ангажиран „Марковски компани“ како предводник на неколку компании во потрага по 1.450.000 тони јаглен за сума на тендерот која достигнува безмалку 19 милиони евра.
АД ЕСМ вели дека ангажирањето на „Марковски компани“ во потрага по дополнителни 1.450.000 тони јаглен за безмалку 19 милиони евра со платен ДДВ е дел од обврската кон Владата за стоотстотно снабдување со електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН Хоме за домаќинствата и малите потрошувачи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.