„ДОАЃА ДРАМАТИЧНО ЗИМСКО НЕВРЕМЕ ВО ЕВРОПА“ Објавено предупредување за викендот, еве кои земји ќе ги погоди, ќе зафати и делови од Балканот
Објавено во: Свет 06 Декември, 2024
Во текот на викендот треба да пристигне интензивна зимска бура, што ќе резултира со зимски услови низ поголемиот дел од континентот до почетокот на следната недела, прогнозира Severe Weather Europe.
Тие велат дека сега се формира „интензивен систем“ кој ќе предизвика ветровите да се свртат кон север и да туркаат постуден воздух во западна и централна Европа, предизвикувајќи силна зимска бура од петок до недела. Тие предупредуваат дека во повеќе области ќе врне обилен дожд и снег, што ќе го отежне патувањето.
Денес веќе ќе ги зафати Велика Британија и Ирска, а утре системот ќе се прошири кон Белгија, Холандија и Франција, а потоа ќе се движи кон Германија и Алпите.
Се очекуваат засилен ветер со налети до 120 км/ч, врнежи од снег и опасни услови на патиштата. Системот би можел да го опфати северот на Италија и дел од Словенија. Свеж снег се прогнозира за многу области, вклучително и северна Велика Британија, северна Иберија, алпски регион, западен Балкан и централна Европа. Повеќе снег ќе има низ цела Источна Европа и Скандинавија.
Значајна аномалија треба да се развие во недела и понеделник, со вредности далеку под просекот во Шпанија, Португалија и Франција.
Блиц.рс