Жена починала откако била прегазена на „Партизанска“
Објавено во: Македонија 24 Декември, 2024
Постара жена починала во болница, откако синоќа била прегазена на крстосницата помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и улица „Рузвелтова“, објави МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, по што била препратена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починала.
„На 23.12.2024 во 20.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.В.(30), удрило во В.М.(72), двајцата од Скопје“, соопшти МВР.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.