Доаѓа ново невреме
Објавено во: Македонија 21 Август, 2023
Метеорологот Славчо Попоски вели дека се очекува невреме.
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ (северна Африка), денес, како и во следните денови времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ветерот од северен и од североисточен правец полека ќе го намалува својот интензитет.
Сепак во попладневните часови постојат услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.
„Нестабилноста проследена со врнежи и грмежи ќе биде сè поголема и ќе ја има на повеќе места од четврток па натаму, кога ќе има и појава на локално невреме. Температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, понекаде тие ќе се искачат и до 35 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели температурата ќе достигне до 40 степени. Ув индексот ќе има многу висока вредност (вредност 8)“, вели Попоски.
Во Скопје исто така температурата ќе надминува 35 степени, но во следните денови во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и силен ветер.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.