19 Декември, 2025
6.0490

„ДОАЃА ТАЈМИНГОТ ЗА ТРЕТА ОПЦИЈА“: Куновска за распишаните изботи и учеството на независните кандидатури

Објавено во: Македонија 10 Август, 2025 08:00

Добивај вести на Viber

Поранешната советничка во Град Скопје, Софија Куновска, вели дека локалните избори се распишани без да се изнајде решение за уставно правната празнина за начинот на собирање потписи за независни кандидатури.

„СЛОЖНИ ПОПОВИ И ВО ПЕТОК МРСАТ“

Локалните избори се распишаа денес без решение за уставно-правната празнина за начинот за собирање граѓански потписи за независни кандидатури за градоначалници и советнички листи. СДСМ, кој дојде на власт во 2017 на рацете на граѓанските организации кои беа предводници на “Шарената револуција” и ВМРО-ДПМНЕ кој прогласи победа во Скопје во 2021 преку поддршката за независната кандидатура на Данела Арсовска, сега се направија недоветни и им му го свртија грбот на целиот граѓански сектор. Со цел да спречат незадоволството од нивните кадровски политики со исклучиво лојални партиски кандидати да се слее во масовно гласање на независни кандидати, особено во Скопје, не изгласаа во Собранието соодветен механизам за собирање потписи.

Ниту во календарот на ДИК не се предвидени рокови за независни кандидатури. Речиси сите анкети покажуваат драматичен пад на популарноста на големите партии. Многумина познавачи на политичката сцена велат дека доаѓа тајмингот за вистинска “трета опција”. СДСМ и ВМРО-ДПмНЕ решија тоа што не можат да го контролираат да се обидат да го истиснат од конкуренција. Дали ќе успејат или ќе го разгорат граѓанскиот оган до степен да нема гаснење, ќе покажат овие локални избори, но особено периодот по нив!“, напиша таа.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот