19 Декември, 2025
0.0411

ДОБАР БАКШИШ СЕ ВАДИ И НА ЈАХТА: Ем во луксуз, ем пари во џеб - еве колку заработуваат во јахтинг индустријата

Објавено во: Финансии 27 Јули, 2023 09:13

Добивај вести на Viber

Црногорката Маја Бучанин се занимава со не толку вообичаена професија - таа е стјуардеса на јахти, а сега објави видео на тема која многумина ги интересира, а тоа е колку заработува екипажот во јахтинг индустријата.

Работата е напорна, донекаде непредвидлива и секако возбудлива, а според Маја носи и добра заработка.

- Најчестото прашање што ми се поставува кога објавувам видео од јахта е колку заработувам. Првата и основна работа која зависи од вашата плата во бродот е позицијата. Имаме капетан, прв офицер, босун, втор офицер, стјуардеса... Друго, платата зависи од големината на јахтата на која работиш, односно колку метри има бродот. Имаме јахти од 20 до 120 метри, а колку е поголема јахтата, толку е поголема платата. Трета работа - платата зависи и од типот на брод на кој работите. Имаме приватни јахти, имаме чартер јахти и приватни - чартер јахти - објасни Маја во своето видео на Тик Ток.

Таа во оваа прилика откри дека еден тип на брод посакуваат сите кои работат во оваа индустрија.

- На приватните јахти платата се зема од сопственикот на бродот, додека чартер јахтите (како „rent a car“) се изнајмуваат и покрај нормалната плата, задолжителен е и бакшиш. Сите сонуваат да работат на чартер бродови затоа што таму добивате бакшиш до неколку илјади евра - изјавила стјуардесата на овој брод.

Маја додаде дека цената за изнајмување на јахта се движи од 300.000 до 400.000 евра и дека во тој случај се подразбира голем бакшиш, пренесува Биз портал.

- Еден човек на ваков брод добива до 2.000 евра бакшиш. Чартер чамците се најдобрата опција за работа - Маја ги изненади своите следбеници со оваа информација.

Како трета опција од која зависи платата, таа ги наведе приватните-чартер јахти, кои ги користи сопственикот на бродот, кои исто така се изнајмуваат, но не колку чартер јахти.

На крајот од своето видео објави табела со точните плати на персоналот, а како пример навела дека бродска стјуардеса која работи на јахта од 45 до 50 метри заработува 4.500-5.000 евра.


Можеби ќе ве интересира

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДЕПОЗИТИТЕ ПОРАСНАЛЕ ЗА 11 ПРОЦЕНТИ, КРЕДИТИТЕ ЗА 12,7 ОТСТО - станбените кредити најбарани

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра