ДОБИЛЕ ГАРАНЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТА: ЕВН влегува во Слупчане
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2023
ЕВН влегува во Слупчане, откако добиле гаранции за безбедноста од политички партии и општината.
Екипите на Електродистрибуција ќе започнат со реализација на проектот за реконструкција на мрежата во Слупчане. Постигнат е договор со мештаните на Слупчане.
Наредната недела во организација на министерот за економија, Крешник Бектеши и градоначалникот на Липково, Еркан Арифи ќе се одржи состанок во општина Липково на кој ќе се договорат сите детали за организацијата и реализација на проектот и со работа на терен ќе се започне од 9-ти август.
Министерот за економија Кршеник Бектеши ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании, несогласувајќи се со барањето на ѓителите од Слупчане најмногу до 3.000 денари да изнесуваат сметките за потрошена електрична енергија.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.