19 Декември, 2025
0.2795

ДОБИЛЕ ВОСПАЛЕНИЕ НА МОЗОКОТ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА - две деца и постар маж од Македонија завршиле во болница

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2021 14:02

Добивај вести на Viber

Институтот за јавно здравје го објави Билтенот за движењето на акутните заразни заболувања во земјава за август годинава. 

Во него, меѓу другото, се наведува дека имало и три случаи на западнонилска треска, од која заболените добиле воспаление на мозокот, односно енцефалитис. 

Ова заболување го добиле две деца, од кои едно единаесетгодишно момче од селото Враниште, струшко, како и осумгодишно девојче од Струмица. Додека, пак, 69 годишниот човек е од скопското село Стајковци. 

„Во групата на останати акутни заразни заболувања, во август се регистрирани 10 случаи, од кои седум се случаи на шуга и три случаи на вирусен енцефалитис. Во однос на трите случаи на вирусен енцефалитис, лабораториски е потврдено дека истите се предизвикани од West Nile вирус. Станува збор за две лица на возраст од 11 и 69 години од машки пол и едно лице на возраст од осум години од женски пол. Едниот случај е со место на живеење во с. Враниште, Струга, вториот е од с. Стајковци, Скопје и третиот од Струмица. Двете деца биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести во Скопје, а возрасното лице било хоспитализирано на Клиниката за неврологија во Скопје, каде е поставена дијагноза и спроведено лекување. Направени се епидемиолошки истражувања за трите случаи, известени се соодветните ЦЈЗ/ПЕ и превземени се соодветни превентивни мерки“, се вели во извештајот од ИЈЗ. 

Оттаму додаваат и дека во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани шест заболени лица, и тоа три случаи на инфекции со Хламидија и три случаи на вирусен хепатитис Б. 

Инаку, во август во земјава се регистрирани вкупно 432 заболени лица од акутни заразни заболувања (без COVID-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ) со вкупна инциденца од 20,9 на 100.000 жители. 

Во текот на месец август се бележи намалување за 21,5 отсто на заболени лица од акутни заразни болести во однос на претходниот месец, јули, а за три пати зголемување во однос на август минатата година. 

Во однос на поделбата на акутните заразни заболувања по групи, најголем број од заболувањата во месец август припаѓаат на цревни заболувања, а од нив, најголем број и процент и инциденца, чинат пријавите за ентероколити. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот