02 Декември, 2024
0.0247

Добитокот на колење, млекото ќе поскапува!

Објавено во: Агробизнис 29 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Цената на добиточната храна секојдневно расте, а откупната цена на млекото тапка во место, реагираат сточарите. Откупот на млеко е редовен, но со моменталната цена која едвај достигнува 20 денари за литар, фармерите едвaј ги покриваат основните трошоци. Предупредуваат дека оваа година ќе биде тешко да го одржат млекопроизводството, а едниствениот излез го гледаат во распродавање или колење на добитокот. За нив е нејасно како во момент кога млекарниците бараат литар повеќе за откуп, цената на добиточната храна секојдневно расте, откупната цена на млекото останува ниска и непроменета. - Нас од 32 до 33 денари за килограм не чини добиточната храна, а млекото се откупува од 13 до 17 денари за литар. Основните трошоци не можеме да ги покриеме. Откупната цена на млекото е намалена уште од март годинава, а добиточната храна секојдневно расте, а за сметка на тоа производството на млеко станува се понекономично. Поголемите фарми веќе ги распродаваат кравите. Една од најголемите фарми бројот на кравите од 800 го намали на 300. Јас имам 20 молзни крави, но вака ако продолжи со толку ниски цени а високи трошици ќе ги продадам, вели Вујадин Жигич, производител на млеко од скопско Ако добиточната храна во производството на млеко учествува со 70 отсто, тогаш со енормните зголемувања на цените, трошоците на сточарите се зголемени за речиси 50 отсто. Фамерите велат дека субвенцијата за литар млеко од 3,5 денари за оваа година, не им помага толку колку што ќе им помогне зголемувањето на откупната цена на млекото и апелираат до ресорното министерство, за ублажување на кризата за добиточна храна, да интервенира преку стоковите резерви. - Висината на премијата е добра, субвенцијата од 2.800 денари по грло мислам дека треба да се зголеми, но сепак нас најважно ни е млекраницте да ја зголемуват откупната цена, тоа ни е нас спасот, и секако дражвата да интервенира преку стоковите резерви  за да се ублажи состојбата со добиточна храна. Откуп има секојдневно, млекото го давам во штипската млекарница, цената е од 17 најмнгу до 2о денари за литар. Тоа е неренатбилна цена за нас ако се има во предвид дека само концентратот нбе чини 25 денари за килограм. Со 23 или 24 денари за литар и плус премијата ние некако ќе се покриваме. Од друга страна на терен е видливо дека има недостиг од сурово млеко, вели Оливер Јакимов, сточар од селото Ерџелија Упатените во бизнисот со млеко пак велат дека откупната цена на млекото во Македонија е речиси на исто ниво како и во регионот. - Откупната цена се движи од 18 до 23 денари за литар, исто како во регионот, и во Европа, само кај нас се проблем големите трошоци на сточарите, како што сега е поскапувањето на добиточната храна и секако нискиот стандард на фармерите, вели Предраг Цветковиќ, претседател на Здужението на производители и преработувачи на млечни и месни производи. Зесега сеуште нема најави од Министерството за земјоделство,шумарство и водостапанство, за спроведување на најавените интервентни мерки, однсно преку стоковите резерви по поволни цени сточарите да имаат можност да купат евтина добиточна храна. Со пропаѓањето на Шеведската млекарница, кризата во македонското млекопроизводство кулминираше, тогаш започна и намалувањето на добиточниот фонд. -  Ако не се зголеми откупната цена, нас ќе ни се повтори перидодот од Свед милк, кога масовно го намалувавме бројот на кравите. Јас го предавав млекото во Шведската млекарница, ми останаа должни 30.000 евра, иако се води судски спор, лично не верувам дека некогш ќе си ги добиеме тие пари. Ни велеа наместо една да купуваме по три крави, се задолживме, па и тие крави што ги купивме после повторно ги продадовме, вели Јакимов Ваквите неповони состојби во млекопроизводството кои се провлекуваат со години наназад,  придонесоа за намалување на добиточниот фонд. Ако 1997 година во Македонија имало 290.000 говеда, во 2005 година е намалена на 240.000. Според статистичките податоци, од 2006 до 2009 година бројот на говедата е намален за 1,2 отсто. Во 2009 година споредено со 2008 забележано е намалување од 0,4 отсто и тоа исклучиво кај индивидуалните сточари. Благ пораст од 2,9 отсто е заблежано во 2010 година, но само кај индивидуалните сточари, додека за 4 отсто е намален добиточниот фонд кај земјоделските задруги. Благо зголемување статистичките податоци покажуваат и за минатата година, кога се регистрирани 265.299 говеда. С.Ј.  

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.