„ДОБИВАВ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТОТ“: Вајц потврди дека имало валкана кампања против него
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2025 07:00
Во интервју за Канал 5, известувачот за Македонија во Европската унија, Томас Вајц вели дека имал многу работа за да го изработи извештајот, посебно затоа што извештај за земјава немало од 2022 година.
„За жал бугарски европратеници сакаа да го блокираат извештајот како таков, а главната цел им беше да нема извештај воопшто. Би рекол дека нема многу промени во извештајот, освен една, а тоа е да се избрише секакво признавање на македонскиот идентитет и јазик“, рече тој.
На прашањето зошто воопшто биле ставени македонскиот идентите ти јазик, со оглед на тоа што досега тоа не било пракса, Вајц вели дека не е ни пракса јазикот и идентитетот на земја-кандидат да се преиспитуваат од било кого.
Рече дека со оглед на фактот што воопшто има извештај за Македонија, говори дека ЕУ ја поддржува Македонија на нејзиниот евроинтегративен пат.
„Мислам дека овој извештај не дава причина да не се спроведат уставните измени или предложените уставни измени. Ова е договор што Северна Македонија го има потпишано со ЕУ дека овие уставни измени ќе бидат направени и дека по спроведувањто на уставните измени, веднаш ќе почнеме со вистински пристапни преговори“, рече тој додавајќи дека ова не треба да се користи за да се стопира процесот.
Во однос на нападите од страна на бугарските европратеници, Вајц потврди дека имало многу валкана кампања против него. Откри дека бил обвинуван дека е пристрасен и дека имал повеќе разговори со македонски соработници, и, како што рече, морал да им вели „извинете, но ова е извештај на ЕУ за Северна Македонија, секако дека разговарам со соработници од С.Македонија, со кој друг да разговарам?“, низ смеа рече Вајц.
Нагласи дека имало кампања против него дека е корумпиран, и дека неговиот телефгонски број бил споделен во екстремно десничарски групи на Телеграм групи.
„Добивав закани по живот, а тоа продолжи и по гласањето на извештајот“, вели Вајц.
Нагласи дека сето тоа ескалирало и во Бугарија и потврди дека бугарските европратеници сакале да го отстранат како известувач.
Можеби ќе ве интересира
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив




