15 Мај, 2024
0.1665

Добра вест за стотина акционери од Дебар! Кој ќе исплати дивиденда по 6 годишен пост?

Објавено во: Финансии 26 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

„Дебарски бањи Цапа“ ги израдува своите стотина акционери со дивиденда која изнесува 214 денари нето по акција. Вака може и не личи дека е многу пари, но тоа е 14 отсто дивиденден принос во однос на последната пазарна цена на таа акција која изнесуваше 1.500 денари. Во споредба со сите што досега поделија дивиденда ова е најголем принос затоа што реално, а не само номинално ја победи стапката на инфлација!

Акционерите на реномираното бањско лекувалиште „Дебарски бањи - Цапа“ дочекаа дивиденда по пост од шест години. Компанијата објави дека на акционерското собрание била усвоена одлука со која секоја акција носи 214 денари нето дивиденда.

Вкупно друштвото ќе подели 81.300 евра бруто дивиденда на своите стотина акционери. Меѓу нив убедливо најголем акционер е дебранецот Меџит Цапа кој поседува 85 отсто од сите акции со право на глас во тоа бањско лекувалиште.

Секоја акција носи  нето дивиденда во износ од 214 денари, што значи дека нешто повеќе од 90 домашни физички лица (најголем дел од нив се сегашни или поранешни вработени н.з.) ќе поделат 10.500 евра дивиденда.

Иако апсолутниот износ наменет за исплата е релативно мал вредно е да се даде контекст за да се добие појасна слика за вредноста на дивидендата. Иако таа акција многу ретко се тргува на берзата вреди да се истакне дека дивидендниот принос изнесува 14 отсто на последната пазарна цена на таа акција која изнесува 1.500 денари. А тоа е највисокиот износ на дивиденда исплатен досега за добивки остварени во 2022 година.

Минатата година „Дебарски бањи Цапа“ оствариле приходи во вредност од 3,15 милиони евра. Добивката по оданочување изнесува 352.000 евра, а од тоа за дивиденда се наменети 81.300 евра.

Другите средства од добивката се наменети за инвестиции и тоа 179.000 евра, за покривање на загуби од претходни години 17.000 евра и како нераспределени се оставени 80.000 евра.

Последен пат „Дебарски бањи Цапа“ делеше дивиденда од добивката остварена во 2016 година. Тогаш дивидендата во нето износ беше само 81 денар по акција што е многу помалку од сега.

Дебарското лекувалиште лани беше во фокус на јавноста по еден уникатен и многу позитивен гест со кој менаџментот се откажа од своите награди и плати со цел во периодот во корона и пост корона кризата и тоа со цел да не го намали бројот на вработени лица.

 Повеќе детали за емпатијата на раководството и вработените прочитајте тука https://faktor.mk/i-toa-go-ima-koi-menadzeri-dve-godini-se-otkazaa-od-svoite-primanja-za-da-ima-za-plati-na-vrabotenite

Р.Ф.


Можеби ќе ве интересира

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

МАКЕДОНЦИТЕ НАЈМНОГУ ПАРИ ТРОШАТ НА „БУКИНГ“, „АМАЗОН“ И „ВИЗЕР“ - лани во странство се потрошени 573,4 милиони евра

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

ЗА АПРИЛ Е, АМА НЕ Е ШЕГА - кои две моќни акционерски друштва свртеа над 4 милиони евра од берзанскиот промет

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

НОВИОТ ШЕФ НА КРИПТО ГИГАНТОТ ТЕТЕР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ГЛОБАЛНА АПОКАЛИПСА: Еве што се случува

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка

Многу желби – еден кредит! Нов хипотекарен кредит на УНИБанка