18 Декември, 2025
0.0495

ДОБРА ВЕСТ ЗА УЧИЛИШТАТА, ГРАДИНКИТЕ И МАЛИТЕ ДУЌАНИ - ќе плаќаат поевтино парно за 35 проценти

Објавено во: Економија 29 Февруари, 2024 14:57

Добивај вести на Viber

Убава вест стигна од Регулаторната комисија за енергетика за училиштата, градинките и малите дуќани. 

Регулаторната комисија за енергетика донесе вонредна одлука за цената на парното греење во Скопје за деловните корисници, со која се намалува цената за 35 отсто.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, изјави дека цената на топлинската енергија за потрошувачите во Град Скопје е намалена поради намалените трошоци за природен гас.

„Ние ја следевме цената на берзите и имајќи предвид дека со претходната одлука одевме со повисоки цени, бидејќи такви беа фјучерсите, ова што е реализирано во јануари, февруари и март, ни даде основа да ја донесеме одлуката со цел на сите овие потрошувачи како што се училиштата, градинките и малите дуќани кои немаа никаква субвенција, да им ги намалиме трошоците за топлинска енергија. Со тоа ќе овозможиме и тренд на нови потрошувачи од сферата на деловните корисници“, рече Бислимоски.

Сметката што ќе ја добијат овие деловни субјекти за февруари ќе биде намалена за 35 отсто.

Бислимовски рече дека сега цената на домаќинствата е за 75 отсто пониска од деловните корисници, а претходно беше многу поголема разликата.

Со денешната одлука не се намалува цената на парното за домаќинствата.

„Домаќинствата добиваат субвенции за парното и затоа во овој период не им се намалува цената на парното, но ја следиме ситуацијата и може да има дополнително намалување“, рече Бислимовски.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје