„ДОДЕКА АХМЕТИ БЕШЕ ВО ВЛАДА НЕ ЗАБОРАВИ ДА ГО ЗГОЛЕМИ СВОЕТО СЕМЕЈНО ПОРТФОЛИО СО ЕДЕН УБАВ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР“: Мицкоски за Ахмети
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2025 07:30
Премиерот Христијан Мицкоски, од синоќешниот митинг за Али Ахмети рече дека не пропушта да спомене историска лекција,
„ Што се однесува до Ахмети, тажна е сликата како се присеќа и дели некакви историски лекции, додека неговиот народ се иселува поради неговото криминално владеење. Човекот води кампања за локални избори, а не пропушта да спомне историска лекција. Но, додека беше во владата не заборави своето семејно портфолио да го зголеми со еден убав трговски центар во центарот на главниот град, неговите соработници да купуваат скапи деловни простории. Но, затоа не кажува ни еден збор што ќе направи да ги задржи Албанците во своите родни места, но него не му е до Албанците, тој само се заканува и игра само на етничка карта. Сакам да му порачам дека овие лекции се научени и се минато, ние читаме една нова книга за Македонија која е развиена, а младите што се селеа поради таквите како него да се вратат во државава, заклучи Мицкоски“, порача Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




