Додека бил во кома два пати прележал коронавирус
Објавено во: Свет, Корона Вирус 02 Февруари, 2021
Џо Флавил (19) лани во март имал сообраќајна несреќа поради која бил во кома. Се разбудил по 11 месеци, но не знаел дека светот го зафатила пандемија, ниту знаел што е тоа корона, а ја прележал двапати додека бил во кома, пренесува „Mirror“.
Тој сега е во добра здравствена состојба.
„Сепак, не сме сигурни колку е свесен за ситуацијата со која целиот свет се соочува. Неговата несреќа се случи пред локдаунот, а тој како да ја преспа“, рекла неговата стрина Сели Флавил Смит.
Џо имал несреќа три недели пред првиот карантин кој во Велика Британија се случи на 23 март 2020 година. Оттогаш е во кома во болницата Лестер Џенерал, каде можела да го посетува само неговата мајка Шерон Присли. Џо сега одлично закрепнува и набрзо би можел да застане на нозе. Неговото семејство направило веб страна посветена на неговото патување околу светот и страница на која се собираат потребните средства за неговото лекување.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.