05 Декември, 2025
0.0356

Додека домашните градежници работеа на „Скопје 2014“, ги изгубија странските пазари!

Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2012 08:41

Добивај вести на Viber

Македонските градежни компании во првите девет месеци од годинава во странство изградиле објекти вредни 11,7 милиони евра. Но, оваа сума е за 58,6 отсто помала од лани. Анализата покажува дека македонските градежници ги губат странските пазари по основ на извршени работи, а како целосно изгубени се Австрија, Косово, Романија, Словенија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Таму градежниците од земјава немале никаква активност. Зголемена активност пак имаат во Италија и Германија. “Не е добро што ги губиме странските пазари. Освен кризата , секако дека проектот “Скопје 2014“ имаше влијание врз намаленото присуство на македонски градежни компании во странство. Големите градежни компании од земјава по линија на помал отпор, повеќе се фокусираа на домашен терен и не беа толку агресивни на странските пазари, вели Никола Велковски претседател на градежна комора во Стопанската Комора на Македонија. На градежните компании од Македонија полесно им беше да ги добијат проектите во земјава отколку да се тркаат за проекти во странство каде веќе и условите за работа се заострени, а и конкуренцијата е позасилена бидејќи поради кризата пазарот се стеснува а секој сака да добие што е можно повеќе работа. “Но ваквата состојба предизвика проблем за помалите компании. Дома теднерите ги добиваа големите градежни компании од земјава кои се околу 4  до 5. На тој начин тие ги  истиснаа  малите и средните градежни фирми кои се во многу поголема бројка. Практично, на домашен терен големите компании го завземаа место на малите и средните градежни компании кои пак не се моќни да излезат и да конкурираат за проекти на странските пазари, објаснува Велковски. Што кога ќе заврши „Скопје 2014“ А ваквата состојба, сега го отвора и прашањето што кога проектот “Скопје 2014 “ ќе заврши , ќе успеат ли тогаш повторно македонските градежници да се вратат на странските пазари?  Градежниците пак сметаат дека со оглед на состојбите во економијата, Владата мора да продолжи да биде нивни работодавач но прдупредуваат дека мора да се градат капитални инвестици, но капитални инвестиции кои ќе носат пари. Мора да има инвестиции во енергетиката и инфраструктурата. Но освен ова тие предупредуваат и дека од Владата бараат да превземе и конкретни мерки за помош на градешниот сектор. “ Сметаме дека Владата треба да дава гаранција за големите компании кои учествуваат на странските пазари но и за проекти во земјава како што е Демир Капија- Смоквица , кој го изгубивме. Мора да се најде форма , Владата да гарантира дека одредена македонска компанија ќе може да ја заврши работата за која конкурира надвор “ , вели Велковски. Досега на оваа тема имало и рзаговори со владини претставници, но иако декларативно ја подржале идејата засега нема конкретен чекор кон изнаоѓање на начин како да се спроведе ова барање на градежниот сектор. Наташа Стојановска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“

Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“