19 Декември, 2025
2.7416

Додека ние учиме германски и англиски, има и странци кои учат македонски

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2019 06:44

Добивај вести на Viber

Додека македонските граѓани учат англиски, германски или некој друг странски јазик, има и странци кои посетуваат часови за изучување на македонскиот јазик во приватните училишта.

Странците кои учат македонски јазик најчесто тоа го прават во главниот град, каде се дојдени деловно, за да се образуваат, или пак имаат некои други лични причини поради кои сакаат да го совладаат македонскиот јазик. Во помалите градови ваквата појава е поретка.

„Секоја година имаме по дваесетина луѓе во групата македонски јазик за странци. Има Американци, Германци, Турци, Италијанци кои се дојдени во Скопје поради работа или за да студираат и нив им треба македонскиот јазик. Учат до А2 ниво, сакаат да ја имаат основата, а понатаму сами го вежбаат јазикот низ комуникација. Имало и случаи на луѓе кои се дојдени овде по основ на бракови, па сакаат да научат литературен македонски јазик“, велат од скопско училиште за странски јазици.

Во внатрешноста се случува да се оформат групи од странци кои сакаат да учат македонски јазик, но тоа не е толку често.

„Сме имале Германци и Турци кои беа дојдени во Гевгелија на размена, преку невладин сектор и сакаа да го научат нашиот јазик. Во градот имаме и Грци, но сепак не сме имале ученици Грци кои учат македонски јазик“, објаснуваат од гевгелиско училиште за странски јазик.

Од училиште во Битола велат дека имале жени од Украина кои тука се омажиле и посетувале настава за да го совладаат македонскиот јазик.

„Повремено се јавуваат странци кои сакаат да учат македонски јазик. Сме имале луѓе од Германија, од Англија, кои се дојдени поради работа овде и сакаат да добијат основа, барем основна комуникација да имаат“, додаваат од охридско училиште за странски јазици.

Од друга страна Македонците учат германски јазик, кој во последните години е многу популарен поради можностите за вработување во Германија, но англискиот како интернационален јазик е секогаш актуелен и неопходен за изучување. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот