30 Јуни, 2022
0.0266

ДОДЕКА СЕ СУДИМЕ, ДЕЦАТА ЌЕ ПОЧНАТ ДА ОДАТ ВО ШКОЛО: Како ќе се решава проблемот со градинките, неизвесноста се поголема

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Огромен број родители на дечиња кои се запишани во градинките во Општина Карпош се засегнати од одлуката на Советот на општината, по што добиле известувања од градинките дека најдоцна до 10 јуни мора да ги отпишат нивните деца од градинките на подрачјето на општината, бидејќи со живеалиште не припаѓаат во тие реони. Во изјава за Фактор, претставничката на одреден број родители, Елена Сандевска, која по порофесија е адвокат, детално појасни дека нема правна основа за вакво нешто. Вели дека одлуката на Општина Карпош, единствено може да се однесува на деца кои допрва треба да се запишуваат во градинка.

-Одлуката на градоначалникот Стевчо Јакимовски е за поздравување, така треба да биде. Но, ова е долгогодишен проблем и практично треба сите општини истовремено да го решаваат. Конкретно, моето дете е на листа на чекање за упис во градинка во Општина Ѓорче Петров, уште додека имаше три месеци. Тоа барање не го повлеков никогаш, си стои. Но бидејќи немаше место, успеав да го запишам во градинката „Мајски Цвет„ на ул. Женевска во Општина Карпош. И ова е само еден случај. Сите се некаде на листа на чекање во својот реон. Но, одлуката која сега ја донесе Советот на општината нема правна издржаност, вели Сандевска.

Откако добила известување од градинката дека мора да го отпише детето најдоцна до 10.јуни, таа возвратила со допис во кој правно образложува дека таквото барање нема никаква правна основа по неколку закони.

-Видно од Одлуката на Советот на општина Карпош донесена на 20.04.2022 година заведена под број 09-3199/15 е дека со истата се врши измена и дополнување на Одлуката за утврдување на реони на градинките на Општина Карпош односно со истата членот 13 се дополнува со нов став со кој се предвидува што се е потребно да достават родителите при упис на дете во градинка. БОЛДИРАМ---ПРИ УПИС!???

Видно од член 2 од Одлуката е дека истата стапува на сила со денот на донесувањето, а тоа е 20.04.2022 година.

Оттука нејасно е зошто со Известувањето бр.03-181/1 од 12.05.2022 година барате да го отпишам моето дете од вашата градинка, кога моето дете е веќе запишано во градинка кое нешто може да се утврди од Договор за прием на дете склучен помеѓу мене како родител и вашата градинка на ден 10.09.2021 година заведен под Ваш број 0307-7/111, кој договор согласно член 5 од истиот е склучен на неопределено време...Укажувам дека Одлуката на која се повикувате во Вашето известување не се однесува и во никој случај не може да се однесува на деца кои веќе се запишани во градинка и кои имаат склучено Договори со градинката, туку единствено може да се однесува на новите уписи во градинката. Имено, видно од самата Одлука е дека во истата ниту е наведено дека истата се применува ретроактивно, ниту пак е наведено дека врз основа на истата треба да се отпишат веќе запишаните деца во градинка...Во секој случај, дури и да е нешто такво наведено укажувам дека согласно Член 52 став 4 од Уставот на Република Северна Македонија  Законите и другите прописи не можат да имаат ретроактивно/повратно дејство. Оттука нејасно и конфузно е Вашето толкување дека Одлуката на Советот на општина Карпош донесена на 20.04.2022 година заведена под број 09-3199/15 се однесува на веќе запишаните деца во градинка кои веќе имаат склучен писмен договор со градинката. Следствено на тоа, спротивно на Уставот на РСМ и спротивно на Законот за облигационите односи е Вашето барање од мене како родител врз основа на Вашето известување да го отпишам моето дете од градинка, наведува Сандевска во нејзиниот одговор до градинката „Мајски цвет“.  

Сандевска посочува дека не е решение да одат по судови, нагласувајќи дека додека сето тоа заврши, децата ќе почнат да одат во училиште. Освен тоа, како што веле, треба да се земе предвид и емоционалниот момент кој е од исклучителна важност за децата.

-Има родители чии деца одат во некоја од градинките две-три години. Едвај се навикнале, со плачење, трепкање на очињата, дткање. Тоа се невидени стресови и сега се бара да бидат преместени. Како сето тоа ќе се одрази врз растот на дечињата. Некои се на една година пред училиште. Така што не е во ред, некој долгогодишен проблем во државата да се решава врз грбот на нашите деца, вели Сандевска.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во синоќешната емисија на Канал 5, „Само вистина“ изјави дека не може постојано притисокот да биде само врз него, кога има празни објекти, градинки, во кои нема кадар.

-Има нова градинка во Орман и не се отвара, каде е градоначалникот на Ѓорче Петров да излезе и да каже зошто не се отвара. Каде е министерството да даде одобрение за вработувања. Во моментов имаме 11 занимални празни, нема пресонал. Таму може да згрижиме од 150 до 180 деца. Ова не го слуша министерот за финасии, кој исто така е жител на Карпош? Проблемот ни е системски, повеќе од 2.300 деца се на листа на чекање само во главниот град, истакна градоначалникот Јакимовски.

Според министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која за ова прашање одговараше на пратенички прашања, вината е во градоначалниците кои парите ги трошат за партиски вработувања во јавните претпријатија, а не ангажираат потребен кадар во градинките.

– Проблеми во градинките има таму каде што постои самоволие на сегашните градоначалници кои не почитуваат закон и министер, но проблемите се решаваат согласно со закон. Градоначалниците наместо да трошат пари за партиски вработувања во јавните претпријатија, привремено да ангажираат лица во градинките. Многу скоро очекувам и позитивен одговор од Министерството за финансии за оние барања за согласности кои моментно се доставени, со што ќе бидат зголемени вработувањата, особено онаму каде што има пензионирања и нови капацитети, нагласи министерката Тренчевска од собраниската говорница, одговарајќи на пратенички прашања.

Анита Буховски

                                                                 


Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Градоначалникот на Гази Баба не се одвои од Ламбе Алабаковски

(ФОТО) Градоначалникот на Гази Баба не се одвои од Ламбе Алабаковски

Место за живот кое има сè! Вистински дом. Не само стан.

Место за живот кое има сè! Вистински дом. Не само стан.

УПОЗ: Наместо да се „тепаат“ во Собрание да не одат во пензија, имаме многу кадри кои чекаат да станат судии и обвинители

УПОЗ: Наместо да се „тепаат“ во Собрание да не одат во пензија, имаме многу кадри кои чекаат да станат судии и обвинители

КОРОНА БРОЈКИТЕ РАСТАТ, НЕ ОЧЕКУВА ЛИ СКОРО ВРАЌАЊЕ НА МЕРКИТЕ: Вирусот не мирува, но клиничката форма на заразените е полесна

КОРОНА БРОЈКИТЕ РАСТАТ, НЕ ОЧЕКУВА ЛИ СКОРО ВРАЌАЊЕ НА МЕРКИТЕ: Вирусот не мирува, но клиничката форма на заразените е полесна

Мицевски: Ова законско решение се носи да се продолжи мандатот на петнаесетина судии и десетина обвинители кои носат партиски oдлуки

Мицевски: Ова законско решение се носи да се продолжи мандатот на петнаесетина судии и десетина обвинители кои носат партиски oдлуки

Снежана Калевска-Ванчева ќе бара јавно извинување од пратеникот кој ја снимал

Снежана Калевска-Ванчева ќе бара јавно извинување од пратеникот кој ја снимал

Ковачевски вели дека пратеник снимал колешка на 15 сантиметри од деколтето

Ковачевски вели дека пратеник снимал колешка на 15 сантиметри од деколтето

Славчо Попоски вели дека топлиот бран продолжува, но ќе има услови за попладневно и вечерно невреме

Славчо Попоски вели дека топлиот бран продолжува, но ќе има услови за попладневно и вечерно невреме

НЕ ГО ОПРАВДУВАМ АДЕМИ, АМА НЕМИЛИОТ НАСТАН ГО ИСПРОВОЦИРАА ТИЕ КОИ ГО ИСКОРНАА МИКРОФОНОТ - Спикерот за инцидентот

НЕ ГО ОПРАВДУВАМ АДЕМИ, АМА НЕМИЛИОТ НАСТАН ГО ИСПРОВОЦИРАА ТИЕ КОИ ГО ИСКОРНАА МИКРОФОНОТ - Спикерот за инцидентот