Додека Скопјани шопингуваа на „Блек фрајдеј“, пајаци им ги дигаа автомобилите
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2018 11:15
Додека Скопјани купувале на попуст за „Блек фрајдеј“ (Црн петок), пајак-службата кренала 21 непрописно паркирано возило вчера околу Skopje City Mall.
- Во периодот од 19.00 до 23.00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај преземени се мерки за непрописно паркирани моторни возила на улиците кои гравитираат околу ТЦ ,,Сити Мол“ во Скопје со цел овозможување нормално одвивање на сообраќајот - се вели во соопштението на Градски паркинг.
Подигнати се 21 моторно возило со специјално возило ,,пајак“, врачени се 26 мандатни платни налози и тоа: седум платни налози за паркирани возила на коловоз, седум платни налози за паркирани возила на тротоар,зеленило и дванаесет платни налози за паркирани возила на автобуско стојалиште.
Скопјани постојано се жалат дека на крстосницата на Партизански одреди помеѓу Skopje City Mall и Карпош 4 има постојано сообраќаен метеж, а купувачите ги закрчуваат улиците во маалските средини. Особено синоќа прометот беше огромен.

Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




