19 Декември, 2025
0.0496

Додека унгарската влада пере раце, ОЈО го стави Груевски на нишан

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2018 14:31

Добивај вести на Viber

Будимпешта нема никаква врска со излегувањето на Никола Груевски од неговата земја, сооопшти денеска унгарската влада која наведе дека Груевски се обидел да побара азил во унгарското претсавништво надвор од Македонија.

Без прецизен одговор се истакна и шефот на кабинетот на премиерот Орбан кој не сакал да каже во која земја Груевски се обидел да побара земја, ниту пак на кој начин дошол до канцеларијата за имиграција и азил во Будимпешта каде всушност ги поднел документите и каде со него е направен разговор.

И додека унгарската влада ги пере рацете, за бегството на Груевски истрага почнува и Основното обвинителство.

Како што соопштија од оваа институција, предметот е оформен по допрен глас.

Скопското обвинителство се сомнева дека службени лица ја злоупотребиле својата положба и така му помогнале на бегалецот и осуден легално да пребега од државата/

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција следејќи ги информациите во врска со бегството на осудениот Н.Г., како и написите на медиумите и интересот на јавноста, оформи предмет  по допрен глас.

Канцеларијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан потврди дека Груевски поднел барање за азил во унгарската канцеларија з амиграција, барајќи бегалски статус/

Груевски во вторникот на Фејсбук објави дека е во Будимпешта и дека побарал политички азил бидејќи во последно време добивал смртни закани.

Тој напиша дека секогаш ќе и остане верен на Македонија и никогаш нема да се откаже од каузата.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Бојан Маричиќ се пријавил за претседател на ДИК

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата

„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата