Доделени сертификати за тренери за згрижувачи и социјални работници
Објавено во: Мои пари 16 Декември, 2014 18:10
Денеска на 22 стручни работници од центрите за социјална работа и Заводот за социјални дејности, како и на 45 постоечки и 17 потенцијални згрижувачки семејства кои ја поминаа обуката според PRIDE програмата, спроведена од посебно обучени тренери од Холандија им беа доделени Сертификати за тренери.
- Со цел зголемување на квалитетот на згрижувачките семејства и обезбедување подобри услови за сместување на децата преку јакнење на капацитетите на постојните и развивање на згрижувачките способности на потенцијалните згрижувачи, МТСП го поддржа СОС Детско село Македонија во спроведување на PRIDE програмата во Република Македонија преку вклучување во обуките на стручни работници од Центарот за социјална работа и Заводот за социјални дејности. Сметам дека целите на оваа програма како воведување посебни стандарди за квалитет на грижата за децата и индикатори врз основа на кои ќе се врши мониторинг на згрижувачките семејства и обезбедување стандардизирана рамка за подготовка и избор на згрижувачките семејства се од извонредно значење, истакна на доделувањето на сертификатите министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Обуките се дел од мерките за унапредување на поддршката и грижата за деца кои се без родителска грижа, како правилен избор кој овозможува креирање безбедна семејна средина и планирана иднина за децата, но и развивање на личности кои ќе треба да ја понесат.
Во Македонија има 175 згрижувачки семејства во кои се згрижени 276 деца без родители и без родителска грижа. МТСП во 2013 година потпиша Mеморандум за соработка со Приватната установа „СОС Детско село„ со кој во рамките на системот на згрижување се преземаа 12 згрижувачки семејства од „СОС детско село„. Месечните трошоци за сместеното дете и трошоците за згрижувачот во овие згрижувачки семејства ги надоместува Министерството согласно со Законот за социјалната заштита и Правилникот за критериумите за избор на згрижувачко семејство, видот и бројот на корисниците кои можат да се сместат во едно згрижувачко семејство и видот и обемот на услугите од социјална заштита што му се обезбедуваат на сместеното лице.
- Надоместокот за трошоците за сместеното дете изнесува 5.000 денари, а надоместокот за згрижување изнесува 1.500 денари. Доколку се работи за дете без родители и родителска грижа и дете со воспитно-социјални проблеми на училишна возраст износот се зголемува за 500 денари. За истиот износ се зголемува и надоместокот за згрижување. Надоместок за трошоците за сместување на дете со нарушено општествено поведение и дете со пречки во развојот се зголемува за 1.000 денари. За истиот износ се зголемува и надоместокот за згрижување, рече Спасов.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




