Додевски: Ако Апелација не одлучи попладне, притворот за Кочан нема правно дејство
Објавено во: Македонија 12 Март, 2017 15:47
Судот незаконски пред Правосилноста на Решението за притвор против Осомничениот Сеад Кочан издал наредби за притворање и за издавање потерници што претставува флагрантно прекршување на принципот на владеење на правото, реагира адвокатскиот тим на бизнисменот по кој се трага со меѓународна потерница.
„Кривичниот совет од Основниот суд Скопје 1 сторил груба незаконитост и без законска основа навел дека Жалбата не го задржува извршувањето на Решението за определување мерка притвор.
Со тоа според адвокатот, судот го елиминирал задолжителното суспензивно дејство на жалбата предвидена во член 442 од ЗКП, според кој: “Жалбата го задржува извршувањето на Решението освен ако тоа не е поинаку определено со овој закон“.
За Решение со кое што Кривичниот Совет на Првостепениот Суд определува мерка притвор не е поинаку определено со закон туку во законот воопшто не е предвидено дека жалбата не го задржува извршувањето на решението со кое кривичниот совет определил мерка притвор, смета Додевски.
Одбраната на Кочан посочува дека членот 169 од ЗКП содржи одредба со која е предвидено дека жалбата не го задржува извршувањето на Решението само доколку се поднесува жалба против Решение со кое се определува притвoр од страна на Судија на претходна постапка до Кривичниот Совет на Првостепениот суд.
Кога притвор одредува Кривичниот Совет и жалба се поднесува до Апелационен Суд законот не предвидува дека жалбата не го задржува извршувањето на решението, туку напротив, согласно член 442 од зкп жалбата го задржува извршувањето на решението.
Исто така според одбраната Кривичниот Совет излегол надвор од своите законски овластувања и му дал извршност на Решенито пред неговата правосилност и незаконски му наложил на МВР да го лишат од слобода осомничениот Сеад Кочан и да го спроведат на извршување на мерка притвор.
Последиците од незаконското постапување на Советот кои веќе настапиле, според Додевски се незаконско распишување на потерници по осомничениот и јавни напади врз неговата личност дека е во бегство, се бара по потерница, со што се уништува неговиот личен и деловен углед. Ова е и директна повреда на чл. 10 од Конвенцијата бидејќи незаконито се гони и притвoра сопственик на телевизија Нова, наведуваат од одбраната.
Додевски додава дека по 17:20 решението за притвор нема правно дејство.
Судот исто така се уште не го доставил предметот до апелациониот суд Скопје иако рокот за донесување одлука истекува денеска во 17:20 ч. Во 17:21 ч решението за определување мерка притвор нема да произведува правно дејство, вели Додевски. Одбраната денеска доставила и писмена Ургенција до Основниот суд Скопје 1 Скопје за Претседателот на Кривичниот Совет – судијата Гордана Спиреска во која уште еднаш се укажува на ова и дека со тоа што предметот не го доставува Кривичниот Совет го оневозможува тоа одлучување. Повредата на законот со недоставување на предметот е уште подрастична затоа што Советот на Решението му дал извршно дејство без законска основа. Побарано е предметот веднаш да биде доставен на одлучување до Апелациониот суд.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




