19 Декември, 2025
0.0416

ДОКТОР АЦО НИ БЕШЕ МАТИЧЕН ЛЕКАР, ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО НИ ГО ЛЕКУВАШЕ“: Неговите пациенти сведочат за докторот кој ги користел заборавените но одлични методи на лекување

Објавено во: Македонија 22 Март, 2024 14:23

Добивај вести на Viber

Вчера во попладневните часови со неколку убодни рани по телото, во неговото возило беше пронајден докторот А.Т. (67) во непосредна близина на фабриката „Железара“. Неготово тело било пронајдено од неговите синови, кои тргнале да го бараат бидејќи не се вратил дома. Од Итната медицинска помош констатирале смрт, а јавен обвинител даде наредба неговото тело да биде предадено на обдукција. 

„Фактор“ денес беше на терен помеѓу жителите на населбата Железара. Голем дел од нив лично биле пациенти на докторот, кој, иако бил пред пензија, бил врвен лекар. Тој официјално веќе бил во пензија, но продолжил да работи со негова колешка, каде по пензионирањето се префрлил и ги префрлил неговите пациенти. Најчесто работел втора смена, а имал голем број пациенти.

За пациентите бил одличен. Ги лекувал со совети кои многу им помагале, не давал антибиотици „од ракав“, ги советувал да ги користат традиционалните методи на лекување, од кои неговите пациенти биле многу задоволни. 

Го опишуваат како „кул“ човек на кој никогаш не би му дале речиси 70 години.

„Шокирани сме од оваа информација. Тој ни беше матичен на мене и мојот сопруг. Одличен лекар, пред се пријател. Секогаш достапен за нас, во секое време. Не знам кој би можел да направи вакво монструозно дело кон таков човек“, вели жителка на Железара.

Жителите се изненадени од чинот на агресија што се одвивал на само неколку минути од станбените згради.

„ Изненадени сме од чинот на агресија што се случувал на само неколку минути од нашите згради. Докторот лично го познавав, ни беше матичен на сите нас, човекот навистина беше примерен. Одличен доктор, навистина сум во шок. Не можам да сфатам кој би можел ова да му го направи и зошто“ раскажува жител на населбата.

„Честопати знаеше да ми рече, стави ги нозете во леген со топла вода, или стопли ги синусите од тоа си настината. Понекогаш му се смеев, ќе му речев докторе, дајте ми некој антибиотик да ме крене, но никогаш не ми даваше туку така антибиотици. Секогаш велеше да се јадат супи, да ги користиме традиционалните методи кои сите сме ги подзаборавиле. Знаеше да употреби и инјекции кога ќе видеше дека навистина не ми е добро, но никогаш, никогаш не препишуваше антибиотици, освен ако не беа навистина потребни“, раскажува негова пациентка.

Полицијата работи на расчистување на случајот, па останува да се чекаат официјални информации за тоа  кој и зошто го уби матичниот лекар на железарци.

Д.Т.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот