24 Април, 2024
0.0277

Интервју со професор Д-р Александар Николиќ, кардиохирург

Доктор Николиќ кој вгради две вештачки срца: Правиме револуција во медицината која не запира овде

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Во годината што измина тој вгради две вештачки срца – интервенција со која им дари нов живот на своите пациенти, на наши сограѓани. Кардиохирургот професор доктор Александар Николиќ е дел од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и тој на наше тло изведе операција која впрочем е една од петте најголеми достигнувања на каридоваскуларната медицина во 2018 година. Николиќ е смирен и одмерен, скромен а толку голем. Тој е херој на денешницата, еден од малкумината. Во разговор за Фактор вели дека се радува оти го сторил тоа два пати во една година и дека е горд, оти со ова и во Македонија покренува еден нов процес на лекување на срцевата инсуфиенција. Николиќ потекнува од докторско семејство, целиот професионален живот го посветил на кардиохирургијата.

Николиќ: Кон крајот на минатата  и почетокот на оваа година јас направив две вештачки срца па мислам дека тоа засега во мојата кариера е најголем дострел и се гордеам со тоа. Мислам дека оваа интервенција многу ја промени македонската но и српската кардиохирургија. Српската академија тие интервенции ги прогласи за едни од петте најголеми достигнувања во кардиоваскуларната медицина во 2018 година. Исто така мислам дека така е и во Македонија бидејќи ние со оваа операција покренавме еден нов процес на лекување на срцева инсуфициенција која е исклучително тешко заболување слично како и малигните, онколошките заболувања. Со овие интервенции поттикнавме и други институции да размислуваат за модерно лекување на срцева инсуфициенција што е многу добро. Не треба да бидеме сами во извршување на такви зафати бидејќи треба да се создава здрава конкуренција, а со тоа земјата ќе добие многу повеќе. Најмногу  пациентите. Оваа програма ќе покрене и друга, трансплантациона програма кој во Македонија за сега спие. Впрочем Македонија е една од ретките земји во Европа кои немаат трансплантација што мислам дека е неприфатливо. Сметам дека под итно треба да почнат да се прават трансплантации и на бубрези и срце, бели дробови. Ова што го почнавме со вештачкото срце може да е поттик кон нови промени. Инаку вештачкото срце само по себе е една голема револуција во кардиохирургијата бидејќи самиот факт дека вие отстранувате цело срце и вметнувате целосно еден вештачки имплант со кој човек ќе живее и функционира е нешто посебно.


Рековте станува збор за сериозни интервенции. Како се чувствувате по операциите, како ги доживеавте?

Николиќ: Самата одлука човек да стане кардиохирург е една сериозна одлука и тој момент кога човек донесе одлука да се занимава со оваа професија мора да биде свесен дека се впушта во многу сериозна работа. Тоа е работа каде луѓето, односно болните им го доверуваат својот живот на докторот односно кардиохирургот и тој е одговорен за тој живот. Никогаш на никој доктор не му е сеедно оперирајќи ги сите тие луѓе, без разлика дали се оперира повозрасен или помлад пациент секогаш зад него постои некој живот и семејство. Секоја операција е тешка, секој пациент е серозен и оние лекари кои не сочувствуваат со пациентите не се добри лекари. Секако кога се оперира, во тој момент лекарот мисли само на интервенцијата и е сконцентриран на неа, но постои време и пред операцијата и после истата, време кога сите тие емоции се собираат.

Успешен епилог е секако своевидна награда. Како изгледа тој период пред операција и после операција. Велите има доста емоции?

Николиќ: Мислам дека  пред секоја операција се држам до онаа теорија дека само добар човек е добар лекар. Секој пациент го сметам како да е некој мој најблизок роднина и гледам да направам стратегија тој пациент да помине најдобро што може. По операцијата, ако се изврши некоја голема интервенција и се заврши добро, нема поголема среќа за докторот и за секој тим. И секако докторот односно и јас се чувствувам прекрасно. Тоа е едно исклучилно убаво чувство во кое човек е горд и среќен што некому му помогнал и го извлекол од некоја тешка болест.

Кога ќе се случи интервенцијата да помине лошо, а тоа може да му се случи и на најдобриот кардиохирург тогаш и докторот поминува низ тие моменти кои исто така се многу тешки и болни, но велам дека ние сме се заложиле за таа работа и мораме да ја преземеме и таа одговорност.


Лице во лице со пациентите, нивните роднини. Ве сметаат за херој. Како се доживувате вие?

Николиќ: Јас не би рекол дека се гледам како херој, но кога ќе ви дојде пациент и ќе ви каже зборови на благодарност, ако сте нормален човек, секако дека ви е многу драго и тоа ме допира. Ме допира и ми годи па секогаш со задоволство слушам такви пофалби. Сепак не мислам дека сум херој туку нормален човек кој ја работи својата работа. Избрав една тешка професија, и еден потежок пат. Сакам да бидам чекор напред, да направам прогрес во мојата професија, и во тоа се потпирам на еден човек. Гледајќи низ историјата за мене еден од најдобрите политичари беше Џон Кенеди кој во еден од своите познати говори за Месечината, вели: „меѓу останатото ја избравме таа програма за Месечината.Дали сме способни да одиме на Месечината и да докажеме ако сме, да сме и да и потврдиме на нацијата дека таквите предизвици може да се остварат“.

Тоа ве доведе до овде. Какви интервенции се зад вас всушност?

Николиќ: Јас со кардиохирургија се занимавам од 1990 година и во тој период досега сум направил над десет илјади операции сам, а сум видел и учествувал во над 30 илјади операции. За тој еден мој работен век секогаш се трудев да бидам прогресивен и да работам нови работи поради кои секогаш бев и критикуван, имаше и такви кои секогаш беа или за или против, така да за мојата кариера направив многу нешта.

Моментно работите во приватната болница Аџибадем Систина, единствена во Македонија со ваква опрема. Како гледате на развојот на болницата, но и на здравството овде генерално?

Николиќ: Ваква сложена интервенција не може да се направи ако немате можност да работите во една добра организирана болница. Болницата во која јас моментно работам „Аџибадем Систина“ е болница која нуди добра логистика да се направат вакви работи.

Вештачкото срце е комплексна интервенција која бара мултидисциплинарен тим а „Аџибадем Систина“ тоа го има и не се чести болнците кои имаат таков тим.

Од болнците во екс Југославија можеме да наброиме само неколку па така Систина е од голем придонес за македонското здравство, не само за овие операции туку и за други интервенции како трудницата со тумор која ја имавме пред неколку недели.

„Аџибадем Систина“ има се што треба да имаат големите општи болници, од општа хирургија , ургентен центар, абдоминална, педијатриска хирургија, гинекологија која е развиена во сите гранки, неврохирургија, сегмент за очни болести – сите дисциплини кои постојат во медицината. Тоа е се што треба да го има една болница.


Што е она што недостасува овде, според вас?

Николиќ: Мислам дека опремата не е проблем, кадарот е проблем. Македонија нема доволно кадар. Македонија тргна многу доцна во развојот на кардиохирургијата за разлика од земјите од регионот каде сега слават постоење на 50 до 60 години. Иако е кратко време, спек кардиохирургијата и овде добро напредувала.

За школување во кардиохирургијата мораме сега да се вложиме бидејќи колку повеќе лекари школуваме за кардиохирузи толку подобро.

Гледаме дека и државната болница се соочува со недостиг на кардиохирурзи па се носат од Србија, Босна за да оперираат таму. Немаат доволно кардиоанестезиолози па мора да се вложува во кадар, а што се однесува на опремата таа не е проблем бидејќи се вложува во тој сектор.

Поголем проблем е нивото на однос на другите лекари бидејќи некои прогресивни работи овде се кочат. Ако се тргне во некои проекти како ние што тргнавме постојат големи опструкции тоа да се запре а тоа не смее да се дозволи туку да се форсира, да се работи што повеќе. Да ни се даде можност да се работи што повеќе, а не да се биде опструирано поради љубомора.

Колку време има доктор Николиќ да му посвети на семејството, приватниот живот, каков спој направивте меѓу Скопје и Белград?

Николиќ: Кога сериозно ќе се посветите на оваа професија за жал имате многу малку време за приватен живот и за семејство. Јас сум татко на две деца кои завршија средно училиште и факултет во Америка и таму живеат, па за жал не се гледаме често.

Мојата ќерка заврши микробиологија и работи во Сиетл, а син ми заврши економија на Џорџ Вашингтон, работеше две години во Светска банка, сега студира право во Аризона во Америка, иако основно училиште заврши во Србија.

Јас тогаш доста работев. Станував рано секое утро одев во Белград, а се враќав секоја вечер најрано во осум часот, така да ги гледав многу малку секој ден. За жал поголем дел од детството тие го поминаа со мајка им нешто помалку од мене главно за време на годишни одмори, но сепак ми е драго што израснаа во добри и фини деца. Но, тоа е една жртва во ваква кариера. Инаку и јас потекнувам од семејство на доктори, односно лекар беше и дедо ми но и моите родители.

Турбулентни периоди, родителство, работа, тоа е секојдневен стрес за сите нас?

Николиќ: Она што ние можеме да го направиме за себе и за да ни остане срцето што поздраво тоа е прво да направиме режим кој му одговара на нашиот живот. Тоа е ако пушиме да престанеме, да промениме масна храна, барем двапати неделно да јадеме што повеќе овошје и зеленчук и да бидеме повеќе физички активни. Ако имаме некои проблеми, да одиме на лекар и да ги држиме болестите под контрола. Тоа е она што можеме сами да го направиме за нас. Денес 65 до 70 отсто од луѓето кои умираат предвреме, умираат од кардиоваскуларни болести а од тие 45 проценти од срцето.

Значи срцето е орган кој моментно најмногу заболува и треба да го чуваме. Само човек кој е негрижлив умира денес од срце. Редовните контроли се петтата работа која секој човек може да ја направи за себе. Секој кој ќе ја помине 40-та година од животот барем секоја трета година мора да оди на редовен преглед.

Ирена Ставрова


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП