Докторите контра угостителите: Најмногу заболени се млади, не се почитуваат мерките
Објавено во: Македонија 05 Октомври, 2020
Зачудени сме од нападите и квалификациите кон Комисијата за заразни болести од страна на Независната угостителска комора со оглед на тоа што Комисијата во изготвување на сите протоколи досега активно комуницираше со сите чинители, вклучително и со угостителите. Протоколите се на сила повеќе месеци и Комората досега немаше проблем со истите, напротив го поздравија и се согласија со нивното носење, реагираат од Комсиијата за заразни болести откако претпладнево од Независната комора на угостители испратија соопштение во кое остро ги нападнаа.
„Препораките за новите мерки целосно се темелат врз анализата на епидемиолошката состојба и епидемиолошките анкети од новите инфицирани лица со Ковид-19. Трансмисија на вирусот се случува најмногу помеѓу граѓаните на возраст од 20 до 40 години, а епидемиолошките анкети укажуваат дека причината е често непочитување на мерките за групирање или посетување на настани и забави. При тоа, новите мерки и малата промена на протоколите апсолутно не го ограничуваат работењето на угостителските објекти кои и досега можеа да работат, туку превенираат поголеми собири и настани, стои во реакцијата.
Додаваат и дека дополнително, во целиот свет и Европа во моментов има есенски бран каде меѓу првите мерки е целосно затварање на баровите и рестораните, а на многу места веќе има нови вонредни состојби.
„Целта на Комисијата за заразни болести е со помеки мерки, а не преку целосно затворање на угостителските објекти да се намали ризикот за ширење на вирусот, а индустријата да може да работи. Искрено се надеваме дека ќе имаме и понатаму успешна соработка и разбирање за одлуките бидејќи тие се исклучиво во насока на заштита на јавното здравје, велат оттаму.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.