ДОЛАР И ЕВРО: Кој лидер ги нарече „токсични валути“?
Објавено во: Економија 07 Јуни, 2024
Токсични валути на непријателските земји, вака рускиот претседател Владимир Путин ги нарече доларот и еврото.
Путин рече дека Русија мора да ја зголеми употребата на незападните валути и дека неговата земја треба да го намали увозот.
„Трговијата со Азија расте, а речиси две петтини од руската надворешна трговија е во рубљи, додека уделот во долари, евра и други западни валути е намален. Ќе се обидеме да го зголемиме учеството во валутите на земјите од БРИКС, во кои спаѓаат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка“, рече Путин.
Објасни дека учеството на рубљата во извозно-увозните трансакции расте, односно денеска се приближува до 40 отсто. Откако почна руската инвазија на Украина, Русија ги и западните земји ги влошија односите.
foto freepik.com
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.