05 Декември, 2025
0.0338

ДОЛАРОТ НА НАЈНИСКО НИВО ВО ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ ГОДИНИ - дали Еврото го преземеа „пиедесталот“?

Објавено во: Финансии 03 Јули, 2025 09:52

Добивај вести на Viber

И најновите сумирани резултати од тргувањето на берзите покажуваат дека доларот не е веќе омилена светска валута, по долгогодишната доминација, тој повторно ја намали својата вреднсот. 

Доларот е на најниско ниво во последните три години

На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира близу до најниските нивоа за повеќе од три години. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 96,70 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 96,65 поени.

Во исто време, цената на европската валута се зголеми од вчерашните 1,1795 на 1,1805 долари, блиску до највисокото ниво од септември 2021 година. Но, американската валута е стабилна во споредба со јапонската, па курсот на доларот се движи околу 143,55 јени, исто како и вчера во ова време.

Од друга страна, деновиве првите луѓе на Европската централна банка укажаа дека „понатамошниот раст на еврото на повеќе од 1,20 долари би можел да биде проблематичен за монетарните власти на еврозоната“.

Еврото порасна за речиси 14 проценти во однос на американската валута оваа година, а ЕЦБ внимателно го следи ова зајакнување.

Паѓа и цената на нафтата

Цените на нафтата паднаа по вчерашниот пораст. На лондонскиот пазар цената на барелот утрово се лизна за 0,72 проценти, на 68,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,70 проценти, на 66,95 долари.

Инвеститорите претпазиливи

Азиските берзи денес се тргуваат претпазливо, бидејќи инвеститорите се воздржуваат од ризик пред објавувањето на извештајот за вработеноста во САД. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион порасна за 0,1 процент во 7:00 часот наутро.

Во исто време, цените на акциите во Шангај и Јужна Кореја се зголемија помеѓу 0,1 и 1 процент, додека во Јапонија, Австралија и Хонг Конг паднаа помеѓу 0,1 и 0,9 проценти. Се тргува претпазливо бидејќи инвеститорите не сакаат да преземат премногу ризик пред објавувањето на извештајот за работните места во САД во јуни, што би можело да влијае на насоката на пазарот.

Тој извештај ќе биде објавен денес бидејќи утре е празник во САД. Вчерашните податоци за вработеноста во приватниот сектор во САД во јуни беа послаби од очекуваните, што укажува на слабеење на американскиот пазар на трудот, а со тоа и на економијата.

„Податоците за слабеењето на економијата можат да се толкуваат различно“

„Податоците за слабеењето на економијата можат да се толкуваат различно. Мало слабеење на пазарот на трудот би можело да ја охрабри централната банка да ги намали каматните стапки, што е позитивно. Но, поостриот пад на вработеноста би бил негативен за растот на економијата и заработката на компаниите“, објаснува Џим Авад, директор во „Клирстед Адвајзорс“.

На Волстрит вчера, S&P 500 и индексот Nasdaq достигнаа нови рекордни нивоа. Мора да се признае дека Dow Jones изгуби 0,02 проценти, но S&P 500 доби 0,47 проценти, а индексот Nasdaq доби 0,94 проценти.

Инвеститорите беа охрабрени од веста дека САД и Виетнам постигнаа трговски договор според кој САД ќе наплаќаат царина од 20 проценти за увоз на речиси сите виетнамски производи. Покрај тоа, Белата куќа соопшти дека трговски договор со Индија би можел да се постигне наскоро, иако веројатно не до крајниот рок на 9 јули.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ПРЕД УСТАВЕН ГО ИЗРАЗИЈА РЕВОЛТОТ: „Се бориме за корка леб и лекови“