ДОЛАРОТ ЗАЈАКНА: Еврото во проблеми поради Германија
Објавено во: Економија 10 Ноември, 2024
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела зајакна за 0,6 отсто, на 104,95 поени.
Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот падна за 1,1 отсто, на 1,0718 долари. Но, американската валута ослабе во однос на јапонскиот јен за 0,2 отсто, па нејзиниот курс се лизна на 152,65 јени. Очекувано, челниците на американската централна банка на минатонеделниот состанок одлучија да ги намалат клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени, на опсег од 4,50 до 4,75 отсто.
Пазарот на труд благо ослабе, стапката на невработеност е на ниски нивоа, додека економијата солидно расте, а инфлацијата се лизга кон целното ниво од 2 отсто, се вели во соопштението на ФЕД.
- Во оваа возбудлива недела, ФЕД не придонесе за драмата бидејќи таков потег беше очекуван. И покрај намалувањето од 0,25 процентни поени, каматните стапки остануваат рестриктивни, но не толку строги како порано, вели Брајан Јакобсен, економист во Анекс Велт Менаџмент.
И покрај намалувањето на каматите по втор пат годинава, доларот зајакна во однос на европската валута. Имено, еврото е под притисок поради кризата на германската коалициска влада откако канцеларот Олаф Шолц го разреши министерот за финансии Кристијан Линднер.
Инвеститорите беа фокусирани на победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на претседателските избори во САД минатата недела.
На пазарите се очекува новиот стар претседател да води протекционистичка економска политика, како и во претходниот мандат, да ги намали даноците и да спроведе дерегулација во различни области.
-Изборите ќе имаат одредени последици, така што верувам дека ќе има мало подобрување на економскиот раст во однос на сегашните проценки, но и мало зајакнување на инфлацијата. А тоа може да значи дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки побавно од очекуваното, вели Брајан Јакобсен.
Блиц.рс* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.