Долга и тензична ноќ во собрание, ќе заседава СДСМ, министрите на итна Владина седница!
Објавено во: Економија 23 Декември, 2012 19:10
Се спрема владина седница за Буџетот з 2013 година
Според информациите на Фактор, министрите, на седница во Владата, наскоро ќе почнат да го разгледуваат Буџетот. Буџетот, судејќи според изјавите на власта дека ќе биде донесен до крајот на годинава, најверојатно утре, кога е и последен ден за тоа, ќе се најде на пленарна седница. Но, засега од владата не ја потврдуваат ваквата информација.
Тензична ноќ, неизвесно утре Со оглед дека засега двете страни стојат цврсто на своите ставови, по неуспешните обиди да најдат заеднички јазик, тогаш веќе е јасно дека ова ќе биде долга и непреспиена ноќ, но и уште понеизвесно утре, бидејќи исто колку што СДСМ е решена да го спречи носењето на Буџетот, исто толку и ВМРО -ДПМНЕ е решена да го донесе Буџетот за следната година во законски предвидените рокови. Ситуацијата од ден на ден станува се повеќе тензична, а ваквиот разој на настаните следуваше откако денеска пратениците од опозицијата не успејаа да ја одржат Комисијата за финансирање и буџет иако тврдат дека била регуларно закажана. Собраниската сала во која требаше да се одржи комисијата беше заклучена а службите од обезбедувањето не дозволија движење на новинарите со образложение дека во Собранието денеска нема закажана комисија. Во Парламентот не се појавија ниту пратениците од владејачката ВМРО –ДПМНЕ, бидејќи велат е неработен ден а Комисија за финансирање и буџет немало закажано.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





