ДОЛГО, ТОПЛО ЛЕТО: Ни следува долг, сушен и многу топол период, опасност од шумски пожари!
Објавено во: Македонија 02 Јули, 2025 06:30
Во Македонија се до 10 јули ни следува долг, сушен и многу топол период. Ќе бидеме под влијаните на Сиптропски Антициклон, односно многу топла воздушна маса која ќе биде поврзана со поле на висок воздушен притисок, објави метеорологит Славчо Попоски.
„Времето ќе биде сончево со сосема мала локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, кој повремено ќе засилува на интензитет.
Што се однесува до температурите, тие до петок (4 јули) ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени, додека од викендот, како и следната седмица тие ќе бидат уште повисоки и во Повардарието локално ќе се искачуваат во околу 42/43 степени. Ув индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.
И во Скопје и околината ќе имаме сосема слично време како и во останатите предели од нашата Република Македонија. Температурата во Скопскиот регион ќе се искачува близу или до околу 40 степени, а веќе следната седмица таа ќе надминува 40 степени.
Поради многу високиот Ув индекс, апелирам граѓаните без потреба да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 11 до 17 часот) како и да пијат повеќе течности.
Поради многу топлото и суво време кое ќе го имаме долг временски период, расте опасноста и за појава на шумски пожари, па затоа бидете крајно внимателни како се однесувате со природата, но и да ги почитувате законите кои се изнадени од државата за забрана за движење низ шумите во нашата Република Македонија за време на овоие летни месеци“, напиша тој.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




