18 Декември, 2025
0.4169

Долгорочна заштеда преку пониски трошоци и грант до 30 отсто

Објавено во: Мои пари 11 Август, 2025 12:00

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка во соработка со агенциите на Обиденетите Нации (ОН) во земјава (Програмата за развој на Обединетите нации - УНДП и Меѓународната организација за миграции - ИОМ) во рамките на Заедничкиот фонд за целите за одржлив развој на ОН „Зелен финансиски инструмент за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Северна Македонија“, нуди Наменски потрошувачки кредит за инвестиции на домаќинствата во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.

Програмата обезбедува поволна финансиска и техничка помош за недоволно опслужените домаќинства во кои жената е единствен или главен носител на приход, самохрани родители, семејства со три или повеќе деца, лица со попреченост, млади на возраст од 18 до 35 години, Роми, повратнициод странство и приматели на дознаки од странство, давајќи им можност да инвестираат во обновливи извори на енергија и ефикасни енергетски решенија.

Дополнително преку овој кредитен продукт, кредитокорисникот има можност за поврат на еднократен грант до 30%, финансиран од УНДП и ИОМ, од направената инвестиција финансирана со кредитот, врз основа на успешност, односно по валидација на истиот од независен проценител.

Максималниот износ за кредитниот производ е 1.500.000 денари, со рок на отплата до 95 месеци, а клиентите ќе може релаксирано да инвестираат во енергетски ефикасни апарати и надградби, соларни панели или други системи за обновлива енергија, користејќи ги условите со 5.30% фиксна каматна стапка за првите три години.

Ова партнерство е пример за посветеноста на Силк Роуд Банка за подобрување на животната средина преку проекти кои треба да придонесат во намалување на емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот, а истовремено да се унапредува и одржливиот развој во Северна Македонијa.

Сите дополнителни информации во врска со овој кредитен продукт клиентите може да ги добијат на интернет страницата на банката, на телефонскиот број 02 32 51 900 или во најблиската експозитура.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка