26 Мај, 2024
0.0354

Долгот на „Охис“ кон државата се претвора во траен влог

Објавено во: Економија 14 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 50-тата седница на Акционерското друштво Органско Хемиска Индустрија  "Наум Наумовски Борче" му даде одобрение да издаде четврта емисија на 99.747 обични акции во вкупен износ од 5.099.964,36 евра за зголемување на основната главнина по пат на приватна понуда. Четвртата емисија на акции на "Охис" АД Скопје е наменета за Република Македонија. Имено, Владата на РМ ги презема акциите од новата емисија со претворање на своето побарување во влог во друштвото, односно со внесување на непарични влогови. Целта поради која "Охис" АД Скопје издава акции е спроведување на Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во друштвата "Охис" АД Скопје, "Тутунски комбинат" АД Прилеп и "11 Октомври Еурокомпозит" АД Прилеп, со што ќе се намали долгот кој "Охис" АД Скопје го има спрема државата по основ на јавни давачки, соопшти Комисијата за хартии од вредност. На истата седница, Комисијата на "Коппер Инвестментс" АД Скопје му одобри да  издаде 2.500 приоритетни партиципативни акции во вкупен износ од 1.000.000 евра. Втората емисија е наменета за познат купувач и тоа за "Surrey Dynamics Limited" од Обединетото Кралство. Втората емисија на акции се врши по пат на приватна понуда со парични влогови, заради создавање услови за непречено функционирање на "Коппер Инвестментс" АД Скопје. Како резултат на присоединувањето на "Поштенска банка" АД Скопје кон "Еуростандард  Банка" АД Скопје, КХВ даде согласност "Еуростандард Банка" АД Скопје како единствен правен наследник да стекне квалификувано учество во "Централниот депозитар за хартии од вредност" АД Скопје, односно со акции чии вкупен кумулативен износ не надминува 20 проценти од вкупно издадените акции со право на глас од ЦДХВ АД Скопје.  "Еуростандард" АД Скопје доби согласност од Комисијата да се стекне и  со 100 проценти од акциите на  "Поштел брокер" АД Скопје. На барање на брокерската куќа  "Еуро Брокер"  АД Скопје, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност. Одземањето на дозволата за работа е поради донесена Одлука на Вонредното Собрание на акционери на  "Еуро брокер" АД Скопје со која брокерската куќа престанува да врши услуги со хартии од вредност. Истовремено, со трајното одземање на  дозволата за работа на "Еуро брокер" АД Скопје се исполнуваат условите за отворање на ликвидација на брокерската куќа, за што Комисијата ќе поведе постапка пред надлежниот суд.  КХВ согласно Законот за хартии од вредност ќе ги задолжи "Македонската берза" АД Скопје и "Централниот депозитар за хартии од вредност" АД Скопје веднаш по приемот на решението од Комисијата трајно да ја исклучат од членство.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЛЕ ДЕВЕТ ГОДИНИ ГО МЕНУВААТ ДИРЕКТОРОТ - Бенедикт Шилдбред застанува на чело на „Теленор“

ПОСЛЕ ДЕВЕТ ГОДИНИ ГО МЕНУВААТ ДИРЕКТОРОТ - Бенедикт Шилдбред застанува на чело на „Теленор“

ЕУ КАЗНИ АМЕРИКАНСКИ ГИГАНТ СО РЕКОРДНИ 337,5 МИЛИОНИ ЕВРА - вештачки ги држел високи цените на популарната чоколада на штета на потрошувачите

ЕУ КАЗНИ АМЕРИКАНСКИ ГИГАНТ СО РЕКОРДНИ 337,5 МИЛИОНИ ЕВРА - вештачки ги држел високи цените на популарната чоколада на штета на потрошувачите

РАБОТНИЦИТЕ НА ОВАА ГЕРМАНСКА ФИРМА ДОБИВААТ ГОЛЕМ БОНУС - компанијата им дава над 40 илјади евра

РАБОТНИЦИТЕ НА ОВАА ГЕРМАНСКА ФИРМА ДОБИВААТ ГОЛЕМ БОНУС - компанијата им дава над 40 илјади евра

СТАНА КРАЛ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ - познат српски трубач гради 17 луксузни вили на Златибор, еве кога ќе бидат вселиви

СТАНА КРАЛ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ - познат српски трубач гради 17 луксузни вили на Златибор, еве кога ќе бидат вселиви

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ВО СВЕТОТ: ДОАЃА НОВ БРАН НА СНИЖУВАЊА - голема компанија објави намалување на цените на над 4.000 производи. А кај нас кога?

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

ГЕРМАНИЈА ВОВЕДУВА ПРОЕКТ „ТУРБО РАБОТА“ - еве што тој ќе значи

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

КИНЕЗИТЕ ДНЕВНО ИСПОРАЧУВААТ 88 ТОВАРНИ АВИОНИ СО СТОКА НАРАЧАНА ОД ИНТЕРНЕТ: Ако е сега вака, како ќе биде во септември, октомври, ноември и декември?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

ЕВЕ КАКО СЕ ДВИЖИ ЦЕНАТА НА ЦРНОТО ЗЛАТО: Имаше ли значителни промени?

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател

Силјановска Давкова по средбата со Матарела: Побарал гаранции од италијанскиот претседател