29 Ноември, 2024
0.0373

ДОМ: Да се отвори јавна расправа за најавениот проект во Љубаништа

Објавено во: Мои пари 21 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Партијата ДОМ на Лилјана Поповска бара да се отвори јавна расправа за најавениот проект за изградба на туристичкиот комплекс во Љубаништа каде е планирано да инвестира индискиот бизнисмен Субрата Рој.

За да биде успешен најавениот проект за изградба на туристички комплекс на брегот на Охридското Езеро економијата и екологијата мора да бидат ускладени, велат од ДОМ и бараат одговори на неколку прашања.

За нив, како зелена партија, потенцираат дека најважни се еколошките аспекти на проектот во Љубаништа и затоа во јавната дискусија, треба да земат учество државните институции и стручната јавност.

ДОМ, инаку коалициски партнер во власта, денеска на прес- конференција јавно праша:

- На колкава површина, со кои граници и на колкава должина на брегот ќе се протега? За колкав број туристи се планира и што би значело тоа како густина на население во еден момент, во однос на користењето на езерскиот брег и на терените околу него? Со која сообраќајна инфраструктура и средства тие туристи ќе  пристигнат таму? Колку чиста вода ќе биде потребна дневно и од каде ќе се обезбеди? Колку отпад и отпадни води ќе се произведуваат дневно и каде ќе се одведуваат - прашуваат од ДОМ.

Портпаролот Тони Ристов кажа дека има уште многу еколошки прашања, но ДОМ започнува со најважните, за да ја насочат дискусијата во конструктивна насока, со користење стручни аргументи, ослободени од политизирање.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од 400 дипломирани студенти на церемонијата за доделување дипломи на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ во Солун

Повеќе од 400 дипломирани студенти на церемонијата за доделување дипломи на Европскиот кампус на Универзитетот Јорк СИТИ Колеџ во Солун

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

ОТВОРЕНА РЕНОВИРАНАТА ЕКСПОЗИТУРА ЦЕНТРАЛА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

Giving is the new black: Купувајте во dm и направете добро дело!

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

BREITLING X TRIUMPH СОЈУЗ НА ПРЕЦИЗНО ИНЖЕНЕРСТВО И СТИЛ

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СЛОВЕНИЈА

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

Конференција на Меѓународната организација на трудот: Недостигот на работна сила може да се надмине со системски решенија и преку трипартитен социјален дијалог

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА КАМПАЊА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА РИЗИКОТ ОД ВКЛУЧУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ПОД 18 ГОДИНИ ВО ИГРИТЕ НА СРЕЌА