18 Декември, 2025
0.0583

ДОМАЌИНСТВАТА СО ПОВЕЌЕ ДЕЦА НАЈСИРОМАШНИ - расте нееднаквоста во распределбата на приходите

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2025 11:43

Добивај вести на Viber

Стапката на сиромаштија во текот на 2023 година се намалила на 22,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Година претходно, или во 2022 оваа стапка изнесуваше 22,9 проценти. 

Лаеканските индикатори за сиромаштија го изработува ДЗС врз основа на податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува во согласност со препораките на Европската Унија. 

Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 отсто од медијалниот еквивалентен приход. 

Според оваа анкета, како што соопшти ДЗС, во 2023 година, стапката на сиромашни лица во Република Северна Македонија изнесуваше 22,2 проценти.

Убедливо најсиромашни меѓу нашите сограѓани се домаќинства со двајца возрасни и три или повеќе издржувани деца, како и самохраните родители со повеќе издржувани деца. 


- Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2023 година е 17,8 отсто. 

Според најфреквентниот статус на економската активност, стапката на сиромашни вработени лица е 8,4 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 11,3 отсто - се посочува во извештајот на ДЗС.

Коефициентот на Џини, мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите, во текот на 2023 година достигнала 30,3 проценти. 

Оваа мерка се зголемила, што покажува уште поголема нееднаквост во распределбата на приходите. Имено во текот на 2022 година Џини коефициентот достигнувал 29,8 отсто.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија