17 Декември, 2025
0.2157

Домашната економија почна да закрепнува – оставри раст од 2,9 проценти

Објавено во: Економија 01 Август, 2013 21:22

Добивај вести на Viber

Бруто домашниот производ во првото тримесечје оствари раст од 2,9 проценти, а остварувањата за вториот квартал упатуваат на задржување на економијата во зоната на солиден годишен раст согласно проектираното, стои во кварталниот извештај што денеска го разгледа Советот на Народна банка на Република Македонија.

Остварениот раст е малку посилен од очекуваниот во априлската проекција, одразувајќи ги подобрите остварувања кај инвестициската побарувачка и посилниот позитивен придонес на нето-извозот. Ваквите остварувања, заедно со расположливите податоци за вториот квартал на 2013 година упатуваат на задржување на економијата во зоната на солиден годишен раст согласно со проектираната патека, се вели во извештајот на Народна банка на Република Македонија.

Во текот на вториот квартал беше остварена годишна стапка на инфлација од 3,6 отсто  што е во согласност со очекувањата. Од аспект на ризиците за инфлацијата, тие засега се оценуваат како врамнотежени, а априлските оцени како соодветни.

Остварувањата во надворешниот сектор во првиот квартал не отстапуваат значително од проектираните. Имено, во првите три месеци од годината, кај тековната сметка е остварен малку повисок дефицит во однос на очекуваниот, заради повисокиот трговски дефицит и малку пониските приватни трансфери, при подобри остварувања кај услугите. Во рамките на капитално-финансиската сметка беа остварени повисоки нето-приливи од проектираните, во најголем дел поради пониските отплати кај трговските кредити во однос на очекувањата.

Најновите расположливи податоци за билансот на плаќања во вториот квартал (април и мај) упатуваат на повисок дефицит во тековната сметка во однос на очекуваниот, предизвикан од влошувањето на салдото на услугите и малку пониските приливи кај трансферите. Остварувањата кај доходот се во согласност со проекцијата, а трговскиот дефицит е помал во однос на очекуваниот.

Во рамките на монетарниот сектор, последните расположливи податоци заклучно со крајот на вториот квартал укажуваат на постепено раздвижување на кредитната активност и остварување на проектираниот кредитен раст.

Сепак, и покрај поволните остварувања во последните месеци, во услови на сè уште слабо економско закрепнување, на глобален и на домашен план и натаму постојат надолни ризици околу остварувањето на кредитниот раст проектиран за 2013 година.

На Седницата на НБРМ беше разгледан и Извештајот за ризиците за банкарскиот систем во првиот квартал од 2013 година. Во Извештајот се заклучува дека во услови на умерено закрепнување на домашната економија и продолжување на падот на активноста во евро-зоната, во првиот квартал од 2013 година продолжи трендот на забавување на растот на вкупните активности на банкарскиот систем на Република Македонија.

Во првиот квартал од 2013 година, се зголеми  кредитниот ризик кај банките, пред сѐ поради ризиците коишто доаѓаат од корпоративниот сектор. Растот на нефункционалните кредити забрза, при што нивното учество во вкупните кредити достигна 11,9 отсто.

Ликвидноста на банкарскиот сектор е стабилна и на високо ниво, што се должи на постојаниот раст на ликвидните средства. Високата покриеност на депозитите на населението и краткорочните обврски на банките со ликвидни средства е значаен столб за сигурноста и стабилноста на банкарскиот систем, што се потврдува и со спроведените стрес-тестирања на отпорноста на банкарскиот систем на ликвидносни шокови.

Се очекува дека и во следниот период големо влијание врз динамиката на кредитната активност ќе имаат квалитетот на кредитното портфолио на банките, како и конзервативните стратегии на некои банкарски групации кои со свои ќерки се присутни на домашниот пазар.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас