Домашно или увезено пиво? Кои брендови доминираат во Македонија, кои во регионот
Објавено во: Мои пари 19 Април, 2022
„Пикаса“ направи истражување за тоа „Кои брендови на пиво се најдоминантни во дигиталниот простор низ Западен Балкан“. Преку алгоритми засновани на специфични истражувања за брендови на пиво, анализирани се медиумски написи и објави на социјалните мрежи каде се споменуваат брендовите на пиво па се мерела вкупна реакција од страна на публиката.
Општиот заклучок е дека домашните пива во сите земји се многу поприсутни во дигиталната средина во споредба со увозните/меѓународните брендови. Во Албанија, првите 3 брендови во однос на дигиталното присуство се домашните брендови.
Низ земјите, Хајнекен е најчестиот меѓународен бренд на пиво кој е во Топ 3 брендови на пиво, во 4 од 6 земји во регионот (освен Албанија и Косово). Во Црна Гора, од севкупното дигитално присуство 91 отсто припаѓа на Никшичко пиво, со апсолутна доминација над меѓународните брендови, слично како Бира Пеја во Косово со 83 отсто, и Нектар пиво во Босна и Херцеговина со 76 проценти учество во вкупниот број на реакции од публиката.
Меѓу поистакнатите кампањи и настани кои придонеле за поголема интеракција на публиката со написите и објавите на брендовите на пива во март, Пикаса издвојува неколку.
Во Црна Гора спонзорствата на Никшичко на познатиот „Мимоза фестивал“ - Херцег Нови и радио емисијата „Секој петок точно на полноќ“, додека Скопско пиво ја ангажираше дигиталната публика во С. Македонија со социјалните објави како официјален спонзор на националниот фудбалски тим за време на плеј-офот на Европското фудбалско првенство и ја активирало базата на фанови за време на натпреварите против Италија и Португалија.
Резултатите се преклопени на Регионалната топлинска карта на земјите од Западен Балкан, со интензитетот на бојата која ја претставува потрошувачката на пиво во земјата по глава на жител.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.