21 Ноември, 2024
0.0281

Ралица Губерова, Претседател на Групација на осигурување при Стопанската комора: Осигурувањето е силна поддршка на секој бизнис

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

“Да се поседува полиса за осигурување треба да биде еден од приоритетите на секоја одговорна компанија која сака да остварува долгорочен развој и која е одговорна во работењето како кон своите партнери, така и кон своите вработени и локалната заедница. Осигурувањето не е трошок, туку инвестиција во сигурност и стабилност во работењето, потреба која овозможува непречен раст и развој на компаниите во услови кога ќе настанат непланирани штети и несакани случувања кои можат значајно да го  погодат бизнисот” смета Ралица Губерова, Претседател на Групацијата на осигурувањето при Стопанската комора на Северна Македонија.

Осигурувањето е исклучително важен фактор и за развој на економијата и за позитивните општествените текови во земјата.  Ги заштитува граѓаните, односно нивното здравје, живот и имот, државниот имот и бизнис секторот од немили настани, и претставува реална потреба  која дава сигурност во работите кои се наши, за кои се грижиме и кои ни се важни во животот, секогаш кога тоа ни е најпотребно. Осигурувањето посебно дојде до израз во последните неколку години кога научивме дека сигурноста, како финансиската, така и физичката, не е гарантирана за никого. Дека треба да се однесуваме одговорно кон бизнисите кои ги управуваме и кон нашите вработени, а тоа на долг рок можеме да го постигнеме со осигурувањето, додава Губерова.

На бизнисите им е потребно осигурување за да се заштитат од различни ризици во работењето и спроведување на дејноста во која работат, а тука особено заштита на имотот, финансиски загуби, како и заштита на здравјето на своите вработени. Осигурувањето исто така ја штити и одговорноста од вршење на дејноста на компанијата, овозможувајќи и на компанијата фокус во градењето на бизнисот и унапредување во работењето.

Осигурувањето е од суштинско значење без разлика дали се работи за мал или голем бизнис, без разлика на секторот и дејноста на компанијата, при што постои палета на осигурителни продукти кои ги покриваат различните ризици со кои се соочуваат бизнисите и индустриите.

Осигурителните компании во земјава вршат детални консултации и даваат совети прилагодени на потребите на вашиот бизнис.

Следствено на наведеното, осигурувањето претставува добра бизнис одлука, а не само уште еден трошок.

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

НЛБ Банка oдбележува две години патронство и поддршка за пациентите со цистична фиброза

НЛБ Банка oдбележува две години патронство и поддршка за пациентите со цистична фиброза

Трета T Business конференција на Македонски Телеком

Трета T Business конференција на Македонски Телеком

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ триумфира со наградата за најдобра Cloud трансформација на самитот FUTURE OF AI & CLOUD 2024

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ триумфира со наградата за најдобра Cloud трансформација на самитот FUTURE OF AI & CLOUD 2024

Промоција на „Градоначалник“ од Илина Мангова - првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“

Промоција на „Градоначалник“ од Илина Мангова - првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“

Отворена новата MAX&Co. продавница во Ramstore Mall!

Отворена новата MAX&Co. продавница во Ramstore Mall!

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Софистицираниот стил на ASPESI ексклузивно во 52 Concept Store, Рамстор мол

Комерцијална банка со 2.000.000 денари го награди успехот на фудбалерите во Лигата на нации

Комерцијална банка со 2.000.000 денари го награди успехот на фудбалерите во Лигата на нации

Претставена колекцијата ДУМА на Сташа Божиновска – накит што зборува кога зборовите ќе замолчат

Претставена колекцијата ДУМА на Сташа Божиновска – накит што зборува кога зборовите ќе замолчат