18 Декември, 2025
0.0442

ДОМИНИРААТ ЖЕНИТЕ: Бројот на неписмените лица во Македонија е колку жителите на еден помал град

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2025 07:48

Добивај вести на Viber

Стапката на неписменост во Македонија изнесува 1.24 отсто, односно според последниот попис на населението, околу 19.000 луѓе се неписмени. Тоа е колку население на еден од помалите градови. Меѓу неписмените има 5.517 мажи и 13.380  жени. Во оваа група доминираат жените и тоа постарите. 

Најмногу неписмено население, 7,26 отсто, има во Општина Демир Капија, додека најголем процент на писмено население, 98,83 отсто, има во Општина Вевчани. Сепак, генерално образовната структура на населението се подобрува, барем според статистиките и ова влева доза на оптимизам.

„Oткако се воведе задолжително средно, таа стапка на писменост е повисока. Но, има лица што не завршуваат ни основно, такви случаеви има кај ромската популација. Во селата има и постари жени што немаат ни основно школо, но не се активни баратели на работа, тие се домаќинки, се занимаваат со земјоделство. Тоа се жени над 60 годишна возраст. Други пак се омажиле млади и останале само со основно образование“, вели социолог Лидија Илијевска.

Според податоците од Пописот 2021, најбројно е населението што има завршено средно образование (44,80 отсто) и учеството на оваа категорија население е зголемено за 9,06 отсто во однос на Пописот од 2002 година.  Со завршено основно образование се 27,74 отсто од населението што претставува намалување за 9,13 отсто во однос на 2002 година, додека со завршено високо образование се 19,60 отсто или 9,62 отсто повеќе отколку во 2002 година. Ваквите податоци покажуваат позитивен тренд на образовната структура во државата. На ниво на општини, во Желино доминира населението со завршено највисоко основно образование со 67.71 отсто, а во Илинден доминира населението со средно образование со 59.03 отсто, додека во Центар најдоминантно е населението со завршено високо образование со 54,13 отсто. Стапките на писменост и неписменост се пресметуваат како учество на писменото/неписменото население во вкупното население на возраст од 15 години и повеќе.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје