19 Декември, 2025
0.3382

Донација на училишни материјали и прибор за децата од ранливи категории

Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2024 12:30

Добивај вести на Viber

Со цел да им помогнат на семејствата од социјално ранливите категории во полесно надминување на предизвиците при набавка на училишни материјали и прибор, вработените во Финмак покренаа иницијатива за донација на нови и употребени, но употребливи училишни материјали, кои на дечињата ќе им овозможат подеднакво да уживаат во своето ново образовно поглавје.

Донацијата беше реализирана во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија кој ќе се погрижи собраните донации да бидат доставени до лицата на кои оваа помош им е најпотребна. Покрај донацијата на училишни материјали, ќе биде реализирана и донација на парични средства во вкупен износ од 49.000 ден. кои клиентите на Финмак ги донираат во кутиите за донации на Црвениот крст  поставени во сите филијали на компанијата ширум државата. Средствата од кутиите ќе бидат наменети за набавка на училишен прибор во согласност со динамиката на потреби утврдени од општинските организации на Црвениот крст.

„Септември е синоним за нови почетоци. За тоа најмногу потсетува училишното ѕвонче кое ги врати детската смеа и возбудата за новите образовни достигнувања во училишните клупи. Сепак, овие почетоци можат да бидат предизвикувачки за децата и семејствата од ранливите категории, бидејќи за жал се соочуваат со основни егзистенцијални потешкотии. Ќе ни биде особено драго доколку со оваа наша скромна заложба, успееме да предизвикаме насмевка кај дечињата и ги охрабриме смело да зачекорат во новите патувања“, изјави Гордана Јовановска од одделот за маркетинг и односи со јавност во Финмак.

„Црвениот крст на Република Северна Македонија ја изразува својата искрена благодарност до Финмак за нивната значајна поддршка и донација на училишен прибор за децата од социјално ранливите категории. Оваа помош ќе им овозможи на многу деца да ја започнат новата учебна година подготвени, давајќи им поддршка во нивниот образовен пат.

Нивната поддршка е позитивен пример за општествена одговорност и вложување во иднината на нашите најмлади. Се надеваме дека заедничката соработка ќе продолжи и во наредниот период насочена за доброто на нашата заедница.“изјави д-р Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка