19 Декември, 2025
0.0555

По повод Светскиот ден на детето

Донација од Бимилк за Млечната кујна во Детската клиника во Скопје

Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2016 13:56

Добивај вести на Viber

По повод Светскиот ден на детето, вчера Бимилк донираше Битолско трајно млеко со 10 витамини за Млечната кујна во Детската клиника во Скопје. Со овој хуман гест Бимилк продолжи со донаторските акции кои освен што имаат за цел да го разубават секојдневието на болните дечиња, ја збогатуваат и исхраната со еден од основните производи за здрав и правилен раст и развој.

“Не може да се опише чувството кога ќе ја видите насмевката на детските лица. Тоа е нашиот поттик како општествено одговорна компанија постојано да се стремиме да го поддржуваме и разубавуваме секојдневието на оние на кои тоа им е најмногу потребно.  Консумирањето на млеко, особено витаминскотомлекое многу важно за здравјето надецатаи поради тоа се одлучивме токму на Светскиот ден на дететонаДетската клиника во Скопје да и донираме Битолско трајно млеко коеги содржи 10-те најзначајни витамини за правилен раст и развој. Им посакуваме на сите дечиња во болницата побрзо да оздрават и да ги задржат насмевките на своите лица.”- изјави ПолексенаЈанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Покрај донацијата на млеко, Бимилк им го разубави денот на децата во болницата со Битолското чупе и аниматорите облечени во костими на витамини кои играа со дечињата најразлични детски игри и ги анимираа за време на посетата.

„Денес е прекрасен ден бидејќи децата во Детската клиника во Скопје имаат нов пријател кој се грижи за нивното здравје. Навистина сме благодарни на Бимилк бидејки цениме што оваа успешна македонска компанија мисли на здравјето на најмладите.“, изјави д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести во Скопје.

Бимилк како општествено одговорна компанија традиционално прави донации на своите производи на оние на кои тие им се најпотребни.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии