18 Декември, 2025
0.0646

Донација од Благој Ѓорев по повод Светскиот Ден за борба против гладта

Објавено во: Мои пари 13 Октомври, 2014 13:15

Добивај вести на Viber

По повод 16 октомври, Светскиот ден за борба против гладта, прехранбената индустрија “БЛАГОЈ ЃОРЕВ” АД од Велес ќе донира производи од својот асортиман на Црвениот Крст на општина Велес, со цел да им се помогне на најсиромашните семејства, посебно од руралните области, кои се соочуваат со проблем од обезбедување на основните потреби за храна. „Во оваа хуманитарна акција ќе се вклучат и вработените на „Благој Ѓорев“ давајќи значаен придонес во напорите за создавање на подобар свет. Се надеваме дека оваа добротворна акција ќе влијае во подигнувањето на јавната свест за гладните лица, како и дека  барем малку ќе ја ублажи потребата за храна и ќе им помогне на оние на кои ваквата помош им е најмногу потребна”, изјави изјави генералниот директорот на Благој Ѓорев г. Горан Лазов. Според податоците на Државниот Завод за Статистика процентот на сиромашни во земјава изнесува над 30%. Најранливи групи се повеќечлените домаќинства со 5 или повеќе членови. Оваа донација е само една од активностите кои ги презема „Благој Ѓорев“  и нејзините вработени за подобрување на квалитетот на животот на социјално загрозените категории на луѓе. Благој Ѓорев минатата година  го одбележа својот јубилеен 90-ти роденден. Оваа македонска компанија е најстар капацитет за производство на масло за јадење во Р.Македонија, додека на Балканот влегува во составот на трите најголеми индустриски капацитети за производство на масло за јадење. „Кристал”- маргаринот во коцка е најпознатиот производ на оваа компанија кој се произведува од далечната 1968 година па се досега, а од овој производ денес се произведуваат над 1700 тони годишно. Покрај маслото за јадење и маргаринот, во основните производи на компанијата спаѓаат и растителната маст и растителната мрс, а компанијата на пазарот нуди и висококвалитетни производи за широка потрошувачка: далеку прочуената велешка таан алва, локумот со разни вкусови, желе бонбони, пакувањата од кокос, сусам, какао, алкохолен, вински и јаболков оцет, како и зачинот Кристал кој изобилува со најразлични видови сушен зеленчук.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?