Досега 5.211 наши сограѓани починаа од коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Мај, 2021
Црниот биланс кој го предизвика коронавирусот, однесе 5.211 животи во Македонија.
Толку луѓе починале од почетокот на епидемијата во земјава. За едно деноноќие имаме 14 починати како последница на вирусот.
Пријавени се вкупно 14 починати лица: 6 од Скопје (58г,60г, 63г,72г , 82г, и 83г), 3 лица од Тетово (69г, 74г, 79г), 2 лица од Гостивар (62г и 77г) по едно лице од Куманово (60г), Кичево (74г) и Битола (68г). Од пријавените, 4 се починати во домашни, а останатите 10 лица во болнички услови. Вирусот не ги поштеди и младите луѓе, па претходно имаше починати на возраст од 20 или 30 години. Во земјава тече процесот на имунизација, по што е можно понатаму да има и дополнително олеснување на мерките. На Балканот рестриктивните мерки веќе се олабавени.
foto freepik
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.