ДОСЕГА НИКОЈ НЕ ОДБИЛ ДА СЕ ПОПИШЕ, НИТУ ИМАЛО ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМИ - директорот на Статистика: немојте да бојкотирате, тоа е на ваша и на штета на вашите деца
Објавено во: Македонија 05 Септември, 2021 11:47
Од утринава, кога почна најголемата статистичка операција во земјава, нема информации за одбивање за попишување од страна на граѓаните или за каков било технички проблем, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски по попишувањето на едно домаќинство во Ѓорче Петров.
Првиот човек на Статистика ги повика граѓаните да соработуваат, за да се добијат релевантни податоци и да не подлегнуваат на иницијативите кои повикуваат да не им се отвара врата на попишувачите. Повтори дека попишувањето е безбедно во однос на ширењето на вирусот и нагласи дека попишувачите имаат соодветни легитимации со кои мора да се излегитимираат.
„После 20 години го дочекавме денот да започнеме со најважаната статистичка операција во државата – Пописот на населението, домаќинствата и становите. Посакувам оваа операција да ја завршиме успешно во интерес на сите. Да се приберат доволен фонд на информации за сите граѓани, за станбениот фонд и сите податоци што се важни за државата. Пописот не служи на ниту една политичка партија, ниту на поединци, служи на оние кои треба да го градат развојот на државата“, изјави Симовски.
„Ве повикувам сите да се вклучите во оваа операција бидејќи податоците се заради вас и поради вас. Не собираме податои за да ги чуваме во архивите, туку да бидат употребени. Не подлегнувајте на притисоци, иницијативи, да не се отвора врата и да се бојкотира пописот бидејќи им правите штета на себеси и вашите деца“, истакна Симовски.
Можеби ќе ве интересира
ГИ ЗАКЛУЧИЛЕ, ИМ ДАВАЛЕ ПО МАЛКУ ХРАНА И ВОДА: Шест млади мигранти се спасени од заложништво во Студеничани

СЕ ЛЕКУВА ВО ИЗРАЕЛ: Македонски државјанин e повреден при напад во Газа

ПУКАЛ СО „БЕРЕТА“ ВО СОЦИЈАЛЕН РАБОТНИК – КУРШУМИ ВО АРКАДАТА И СЛАБИНАТА: Истрага за обид за убиство против прилепчанец

Приведен Ејуп Рустеми, екс директорот на „Државни патишта“, за управителот на „2СС“ се бара притвор

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СО АПЕЛ ДО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ: Да се третираат само во здравствени установи и специјализиран кадар, несоодветна терапија носи ризик од последици

ЌЕ ВРАЌАМЕ ЗАКОНСКИ РЕШЕНИЈА КОИ СМЕ ГИ ИМАЛЕ ДО 2008 ГОДИНА: за поголема безбедност во угостителските објекти

УПОЗ бара обезбедување за јавната администрација, по нападот на службеничка во Прилеп

НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ СИЛНО ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Се крева алармот, колку се безбедни клубовите во Грција?

СОПРУГАТА И ЌЕРКАТА НА ГАЗДА ДЕКО СЕ ПОВИКАНИ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: Истрагата се проширува
