07 Декември, 2025
0.0482

ДОСИЕ ЏАФЕРИ: Од дезертер преку министер за одбрана до спикер на парламентот?

Објавено во: Македонија 28 Март, 2017 07:07

Добивај вести на Viber

Талат Џафери од ДУИ е кандидат за претседател на македонското Собрание. Парламентот вчера не доби нов спикер. Конститутивната седница, почната и прекината на 30-ти декември лани, вчера продолжи со две точки на дневниот ред, избор на претседател на Комисијата за избори и именување, и избор на спикер. По шестчасовна „дебата“ во која главно учествуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, седницата беше прекината и ќе продолжи денес напладне..ВМРО ДПМНЕ тврдат дека спикерот на парламентот треба да биде од нивните редови, но не мислат така и останатите политички партии. Сепак, Талат Џафери е најсериозниот кандидат за претседател на Собранието. 

Кој е Талат Џафери?

Талат Џафери е роден во гостиварското село Форино на15 април1962 година. Основно училиште завршил во село Чегране, а средното го продолжил воБелградна Воената гимназија. Студирал на Воената Академија на Копнена Војска наЈНА - Смер Пешадија во Белград и Сараево. Постдипломски студии - Специализација за Командни и Штабни должности наВоена Академија „Генерал Михајло Апостолски” - Скопјево Скопје.

Од висок офицер на АРМ до командант на УЧК

За време навоениот конфликт во Македонија во 2001година, Џафери беше висок офицер воАРМи командувал со единиците во тетовската касарна. На 28 април, на денот кога е извршенмасакрот кај Вејце, бил дежурен командант во касарната во Тетово. Неколку дена потоа дезертирал и преминува во терористичкатаОНАкако командатФорина..

Политичка кариера од 2004 година

Во 2004 година Талат Џафери се приклучува во партијата на Али Ахмети, ДУИ, на почетокот како заменик министер за одбрана. Оттогаш Џафери игра значајна улога во политичкиот живот на земјава. Познат е како одличен познавач на собраниските процедури. Во Парламентот беше познат и по молчењето и кога читаше поезија со часови и денови. Во време кога ВМРО -ДПМНЕ и ДУИ има спротивни ставови за донесување на законот за бранители. Џафери одбра преку молчење и читање поезија да го брани позициите на ДУИ. Џафери во јавноста, остана забележан и кога жестоко го бранеше предлог законот за забрана на располагање, поседување и злоупотреба на материјалите од прислушкуваните материјали, кои ги објавуваше опозициската СДСМ преку проектот „Вистината за Македонија“. Џафери тогаш влезе во клинч и со новинарската фела, која жестоко се спротивстави на овој предлог закон. Медиумите пак блиски до власта, тогаш пишуваа дека Џафери повеќе се грижел за Македонија, отколку СДСМ. Сепак, на крајот Џафери го повлече предлог законот кој забрануваше објавување на политичките бомби.   

Министерот Џафери како дел од владата на Груевски се поклони пред споменикот на УЧК

Во 2013 година Талат Џафери беше министер за одбрана во владата на ВМРО ДПМНЕ која тогаш ја предводеше Никола Груевски.  Имено, тогаш без придружба од униформирани армиски офицери министерот за одбрана Талат Џафери се поклони пред споменикот на УЧК во Слупчане по повод 12 годишнината од Рамковниот договор. Меѓу присутните министри од ДУИ и владини соработници официјално немаше ниту еден македонски претставник. Министерот Џафери не сакаше да одговори  дали доаѓаат приватно или како делегација на влада. Не кажа ниту  дали реакциите на јавноста но и на нивниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ се причината поради која реши годинава да не биде придружуван од армиски офицери.

Имотен лист на Талат Џафери

Новиот претседател на Собранието има куќа од 340 м2 во родното место село Форино, Гостивар и стан од 46 м2 во Скопје. Два автомобили, ауди а4 на негово име и фолсфаген буба на име на неговите деца. Својата платата ја нема пријавено, но на име на приходи ја има пријавено платата на сопругата од 17 000 денари. Џафери во својот имотен лист пријавил долгови од скоро 35 500 евра.

Андов: Талат Џафери нема да биде првиот Албанец претседател на Собрание

Првиот собраниски спикер Стојан Андов дава свој увид околу прашањето дали Албанец може да биде претседател на Собрание, па потсетува дека Талат Џафери не би бил првиот во историјата на Македонија. „Етничиот предзнак не значи ништо, никаква пречка не е тоа, бидејќи ние досега сме имале Албанец, претседател на Собранието. Тоа е почитуваниот, наш, чуен педијатар, Вулнет Старова кој беше пред мене. Кога заврши неговиот мандат, па во новото повеќепартиско Собрание бев избран јас“, изјави Андов. Инаку, Џафери не би бил ниту прв кандидат Албанец за собраниски спикер по осамостојувањето, бидејќи во 2000-та година на предлогот Стојан Андов да биде претседател на законодавниот дом, социјалдемократите го номинираа Абдурахман Халити  од ПДП. Мнозинството гласови ги освои Андов, но остана запаметено дека пратеници Македонци поддржале Албанец да стане прв човек на Собранието.

Денеска продолжува седницата за избор на Џафери за спикер на парламентот

Инаку, откако вчера стана јасно дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со безброј реплики и контрареплики ќе ја блокираат работата на Собранието, во паузата, СДСМ го предложи Талат Џафери за претседател на Собранието со барање зад кое застанаа 20 пратеници. „ВМРО-ДПМНЕ прави сѐ за да ја одолговлече работата на собраниската седница на која треба да се избере претседател на Комисијата за избори и именувања која треба да го предложи претседателот на Собранието“, соопшти Петре Шилегов од СДСМ. На ова веднаш реагираше ВМРО-ДПМНЕ, преку Илија Димовски, кој се повика на деловникот за работа на Собранието каде се предвидени две алтернативни за предлагање на кандидат за претседател. Првата е преку Комисијата за прашања на изборите и именувањата а втората со 20 потписи од пратеници.

Р.Ф


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски

„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски