03 Мај, 2024
0.0246

ДОСИЕ МАКЕДОНСКА БАНКА: За партизацијата, улогата на Нини и крахот на банката!

Објавено во: Економија 17 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Од банка која беше четврта по големина - до целосен колапс и ликвидација. Македонска Банка, некогашна Љубљанска Банка успеа да го преживее банкарскиот распад на тогашната Ју-заедница но не и внатешниот акционерски атак. Македонска банка важеше за групација која има најсилна банкарска инфраструктура, со мрежа во 30 градови и со скоро 40 експозитури. Почетокот на крајот на банката започна со нејзината, како што пишуваат медиумите, “партизација“ во 2001 та година. Финалниот удар беше зададен со продажбата на контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини кој заврши во затвор во Србија, но не и во Македонија. Како почна се ? Приказната за Македонска Бнака почнува во април 2001 та година, кога Вмро – Дпмне веќе е на власт, на чие чело како премиер е Љубчо Георгиевски. Министерството за финансии го менаџира Никола Груевски, а во гувернерската фотеља седи Љубе Трпески. Во април 2001 та година се спроведуваат првите транскации преку кои тогашни функционери на партијата стануваат акционери на банката. Преку неколку трансакции, тогашниот директор на ЕСМ Ламбе Арнаудов, екс-диркеторот на Фондот за здравство и тогашен генерален секретар Војо Михајловски и тогаш триесет годишниот возач Марјанчо Коневски, непознат за јавноста, стануваат акционери во банката. Медиумите пишуваа за “партизација“ банката директно под палката на Вмро-Дпмне. Уставниот суд потсетуваше дека на партиите им е забрането да располагаат со имот. Во меѓувреме, Македонска Банка веќе се спомнува како проблематична, која треба да се “реши“ за да се финишира ФЕСАЛ 2 аранжманот со Светска Банка. Но според планот, Македонска Банка требаше итно да се докапитализира преку продажба на странски инвеститор. Тогаш почнува и втората епизода од голготата на Македонска Банка. Од рацете на тогаш истакнатите функционери на партијата и фирми блиски на неа – Македонска Банка завршува во рацете на фирмата “Јака 80" зад која тогаш стоеше контроверзниот бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини. Банката се продаде во последен момент, во период кога Вмро-Дпмне веќе беше опозиција, нејзините функционери и блиски фирми – ја напуштија сопственичката стуктура, прадвајќи ги уделите на срспскиот бизнисмен Нини. За 45% од акциите Нини тогаш плати 825 илјади евра, односно на Берзата беа продадени точно 25.373 акции од оваа банкарска институција, за кои беа платени по 2.000 денари за акција. Токму преку оваа трансакција своите акции од Македонска банка, всушност, ги продадоа поединците и фирмите од тогашното ВМРО-ДПМНЕ. Со оглед на тоа дека стануваше збор за голема трансакција, која го надминува законски предвидениот лимит од три отсто, сопственичка промена доби амин и од гувернерот Љубе Трпески. По влезот на газда Нини ... Наместо заздравување на банкарското јадро, банката влегува во нови проблеми. По утврдени серија нерегуларности поврзани со трансакциите на акциите кои ги поседуваше тогашниот доминантен акционер Јовица Стефановиќ-Нини, банката доби рокови од НБМ за промена на сопственоста. По неколкукратните пролонгирања, на 15 ти октомври 2007 ма година Македонска Банка остана без дозвола за работа. Народната банка веднаш ја започна и постапката за ликвидација. Постапката на ликвидација на Македонска Банка се спроведува во мандат на Вмро-Дпмне, кога премиер станува некогашниот министер за финансии Никола Груевски. Судбината на банката се запечати во 2007 ма, кога тогашниот гувернер Петар Гошев ќе изјави дека првото решение за намалување на учеството во акциите со право на глас на фирмата Јака 80 и било врачено уште во јули 2005 та година, но доминатниот акционер не постапил по него, иако роковите биле пролонгирани. Во меѓувреме бизнисменот Нини наместо да ја продаде банката на познат странски бренд започнал со спорни транскации. Во првиот наврат „Јака 80“ ги продала акциите на 16 друштва со ограничена одговорност за кои НБМ утврдила дека се, всушност, основани од радовишката фирма, дека единствен содружник во нив е „Јака 80“, а основачкиот влог биле акциите во Македонска банка. НБМ, исто така, утврдила дека акциите биле проценети по нивната номинална вредност од 4.000 денари, иако една акција на „Јака 80“ на Берзата достигнува 18.000 денари. Со ваквата трансакција вредноста на Македонска банка била сведена на 5,7 милиони евра. Набрзо потоа била извршена уште една трансакција, па уделите биле пренесени на 10 физички и шест правни лица. Дополнителните проверки на НБМ покажале дека уделите биле пренесени по цена од еден милион денари, односно вредноста на НБМ вака била сведена на само 260.000 евра. Имотот обезвреднет, нема одговорност и одговорни, Банката се става под клуч, а штедачите ја започнуваат битката за своите штедни влогови. Заев обвинува, Груевски ќе тужи! Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев на адреса на премерот Никола Груевски упати сериозни обвинувања дека земал 1,5 милиони евра во кеш и одбегнал да плати 225 илјади евра данок на државата. “Никола Груевски лично ја продал Македонска банка АД Скопје, на контроверзниот српски бизнисмен Јовица Стефанович, познат како газда Нини. Преку четири офшор и две домашни компании коишто официјално поседувале 51 процент од акциите во Македонска банка, а биле под контрола на Груевски, истите акции биле продадени на газда Нини. Тоа се оф-шор фирмите Сабико Лимитед Ингланд, Аршвеј инженеринг Лимитед Ингланд, Натурал планет Лимитед Ингланд, Силвер универз Лимитед Ингланд и домашните Радио Рос Дејан и други ДОО Скопје и Еверест 2000 ДОО Скопје. Официјалната сума на продажбата била преку 50.000.000 денари или приближно 900.000 евра според официјалните документи. Надвор од овие официјални договори одобрени од Љубе Трпевски – тогашен гувернер на Народна банка, Никола Груевски договорил дополнителна сума од 1.500.000 евра за продажбата на Македонска банка на газда Нини Оваа дополнителна сума од 1.500.000 евра била исплатена на црно, во кеш на Никола Груевски.“ – изјави опозицискиот лидер Заев. Тој тврди дека СДСМ поседува докази за своите обинувања. “Во јануари 2004–та официјалните средства од преку 50.000.000 денари или приближно 900.000 евра, легнуваат на банкарските сметки на шесте фирми акционери. Потоа во рок од 4 месеци, најголемиот дел од овие пари се повлечени во кеш, по налог на Никола Груевски. И за ова имаме докази. Значи, Никола Груевски се стекнал со вкупен кеш од околу 2.400.000 евра од продажбата на 51 проценти од акциите на Македонска банка.“ – рече Заев и праша: По кој основ Груевски ги контролирал шесте фирми акционери во Македонска банка?, каде завршиле речиси 900.000 евра повлечени од банкарските сметки на шесте фирми акционери во Македонска банка?, каде завршиле 1.500.000 евра платени во кеш од газда Нини на Никола Груевски?, зошто Македонска банка отиде во ликвидација во 2007 година, време во кое Груевски е премиер на Република Македонија? Дали ова беше обид за прикривање на трагите од овој криминал?“ – праша Заев. Премерот Никола Груевски најави тужба. “Никола Груевски ниту ја купувал, ниту ја продавал Македонска банка. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од никого и никогаш нема земено никакви пари. Досега беа толерирани безброј лаги, навреди и манипулации, но денес Зоран Заев отиде предалеку. Оваа лага е премногу и нема така лесно да помине.“ се вели во соопштението на Вмро-Дпмне и се додава: “Како може човек што бил аболициран за криминал од 8 милиони евра, да лаже и да измислува. Човекот кој делел огромни тендери на својот татко, чичко, братучеди, снаи, тетки сега се осмелува по секого да фрла со кал, да лаже и да измислува. Заев не може да разбере дека не се сите како него“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека Заев со овие постапки всушност сака да го прикрие срамот од изборниот пораз во неделата. Од опозициската СДСМ најавија дека ќе објават нови детаљи за овој случај. А.Д.

Можеби ќе ве интересира

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување