ДОСТА Е СО ЛАГИ! Трамп се налути на Европа: „Санкциите се фарса, сите сè уште купуваат од Путин“
Објавено во: Економија 15 Септември, 2025 10:59
Подготвен сум да воведам санкции, но тие ќе мора да ги заострат своите, рече американскиот лидер.
Европските санкции кон Русија не се доволно строги, бидејќи ЕУ продолжува да купува енергетски ресурси од Москва, рече американскиот претседател Доналд Трамп.
– Не сакам тие да купуваат нафта, а санкциите што ги воведуваат не се доволно строги. Подготвен сум да воведам санкции, но тие ќе мора да ги заострат своите санкции пропорционално на она што го правам јас – рече Трамп.
Тој, исто така, изрази мислење дека рускиот претседател Владимир Путин и лидерот на киевскиот режим Владимир Зеленски „се мразат“ до степен до кој тоа не им дозволува да „разговараат“. Тој верува дека самиот би морал да води дијалог меѓу нив, во случај на трилатерален состанок.
Таква средба, според него, би можела да се одржи „релативно наскоро“.
Трамп вчера изјави дека е подготвен да воведе сериозни санкции кон Русија ако сите земји од НАТО престанат да купуваат руска нафта.
Путин претходно го покани Зеленски да дојде во Москва на преговори, но постојано нагласуваше дека ваквите средби немаат многу смисла, бидејќи Зеленски не е легитимен претседател на земјата од мај минатата година, кога му истече мандатот.
Шефот на киевскиот режим ја отфрли оваа понуда, иако често тврди дека е подготвен за разговори „во кој било формат“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје





