19 Април, 2024
0.0356

Дознајте во што сте најдобри и искористете го тоа да заработите

Објавено во: Финансии 14 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Наоѓањето на нашите природни таленти може да биде доста тешко да се направи. Токму поради ова постојат луѓе експерти кои се бават со откривање на талентите на други луѓе и особено начини како да се дојде до нив. Еден од нив еДаг Вилкс (Doug Wilks), истражувач на таленти и основач на StrengthsLauncher, кој нуди три клучни начини преку кои може да ги откриете вашите таленти.

Се надевам дека истите ќе ви бидат доволно интересни и ќе ви помогнат во потрагата по вашите таленти кои реално секој од нас ги поседува. 

1. Што ве воодушевувало како дете?

Земете две минути и потсетете се на вашите највесели спомени од основно училиште и дајте си одговор на прашањето: Што ги направило тие моменти толку пријатни? Кои биле заедничките нишки?

На пример, дали сте биле високо компетитивни на девет годишна возраст? Можеби сте сакале фудбал и не сте можеле да го дочекате одморот секој ден. Сте живееле за тоа. Сте го негувале тој момент кога сте можеле да излезете на теренот за фудбал и да почнете да се натпреварувате.

Или, можеби сте уживале да работите на големи, конкурентни, тимски ориентирани проекти? Вашите пријатели сакале кога сте биле во нивната група. Сте имале талент да ја истуркате оценката на целиот тим од 4-ка на 5-ка. Сте се насладувале на овие можности. Биловоодушевувачки.

Понатаму, како што размислувате за овие спомени од детството, размислете и кои слични активности ве воодушевуваат, како возрасни. Зошто? Зошто можеби сеуште сте високо компетитивни, но сега се натпреварувате за да освоите нови бизнис потфати за вашата компанија или можеби сеуште сакате комплексни, стратешки проекти, но сега го правите тоа за меѓународна консултантска фирма.

Се поставува прашањето, зошто правиме одредени избори и уживаме во одредени активности? Зошто сме подобри во некои работи од други?

Во поглед на ова прашање Вилкс зборува за "тема на таленти" (talent theme) која, како што вели тој, претставува природно повторувачка шема на мисли, чувства или однесување кое може да биде продуктивно применето.

Понатаму како што вели Вилкс, разбирањето на вашите уникатни таленти ви дава одговор  на овие прашања. Вашите уникатни таленти ви покажуваат зошто правите одредени избори, уживате во одредени активности и сте подобри во некои работи од други. Додава и дека  шансите се 1 наспроти 33 милиони да ги имате истите топ пет талент теми како некоја друга личност!

Заклучокот е да се разбере дека она што ве воодушевувало додека сте биле ученик и она што ве воодушевува како возрасни, се всушност многу слични нешта. Само што вашите талент теми ги користите во различни средини.

Или со други зборови, кои работни задачи денес најмоногу ве потсетуваат на радоста што сте ја осетиле пред 20 или 30 години?

Најдете начин како вашата работа денес да ја померите кон она што вчера ве воодушевувало. Училишните спомени се моќни приказни кои откриваат кои се вашите таленти и како правилно да ги искористите.

2. Што ве тера да изгубите осет за време?

Замислете го следново: Сабота 09:00 часот наутро. Слободни сте, без буквално никакви обврски. Имате нколку слободни часови на вашиот календар.

Ја започнувате вашата омилена активност. Можеби свирите гитара, трчате, ја средувате градината или пишувате роман. Или пак можеби нешто кодирате.

Оваа активност, без разлика кога ја правите, ве повлекува како правосмукалка. Вашиот ум, тело и интуиција почнуваат да работат во совршена симетрија. Го губите осетот за време. Пред да знаете, стигнало 12:30 часот, а вие сеуште не сте ни помислиле да јадете.

Што ако вашата работа е исто толку исполнувачка како и вашиот саботен утрински проект? Дали е воопшто можно да се фати и да се употреби таа магија?

Вилкс вели "да" - обрнете многу блиско внимание на ваквите моменти. Ако сте толку запленети од некоја активност што ќе го изгубите осетот за време, вие искусувате еден од главните симптоми на проток (анг: flow).

И доколку искусувате било која количина на проток на еден проект, вие исто така,  најверојатно, искористувате еден или повеќе од вашите природни таленти.

3. Што копнеете да правите?

Третиот клучен момент, Вилкс го почнува на следниов начин: Кој оган гори во вашата внатрешност во овој момент?

Никогаш во историјата на човекот, немало полесно време отколку сега, да започнете со исполнувањето на вашата животна мисија.

Дали сакате да блогирате? Кул. Започнете блог.

Знаете како да плетете? Супер. Направете неколку екстра марами и почнете да ги продавате.

Дали дури и самата помисла на запознавање и поврзување со нови луѓе ве испраќа во состојба на преголема среќа? Одлично. Лансирајте место за состаноци за локалните директори во вашиот град.

Уживате во трите работи? Уште подобро. Започнете месечно состанување за блогери кои се експерти за изработка на шалови.

Во совршен свет, секој ќе ги користи своите предности на работа, секој ден. За жал, тоа не е случај со повеќето луѓе. Всушност, има податок кој вели дека 63% од работниците во целиот свет не се ангажирани во нивната работа. Ова не ги вклучува оние 24% кои се активно неангажирани.

Иако постојат повеќе причини за ваквата состојба, еден од клучните фактори е што повеќето работници не ги користат нивните природни таленти на работа, на дневна основа.

Размислете. Во природата орлите можат да летаат помеѓу 120 и 200 километри на ден. Дивите слонови можа да скитаат наоколу и до 80 километри на ден. Ако тој орел или слон се заклучени во кафез, тие нема да живеат онака како што биле направени за да живеат. Во таков случај тие се натискани, загушени и заробени.

Слично на ова, милиони работници не се во можност да го прават она за кое се створени,  на дневна основа.

Или со други зборови: Што е тоа по кое копнеете?

Ако се најдете на место каде што не ги користите вашите квалификации или таленти, осознавањето на тоа, може да биде болно и непријатно. За среќа, животот е патување, а не еден изолиран ден.

Најдете, барем еден мал начин, да почнете повторно да освојувате некои од радостите кои сте ги осетиле кога сте биле помлади. Изгубете се во омилената активност, изгубете осет  за време во сабота наутро. Размислете добро за тоа што копнеете да правите и почнете да го правите.

Можеби ќе ве интересира

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации