ДПА со предлог бара измени во Изборниот законик
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2016
Партијата на Мендух Тачи, денеска до Собранието достави предлог со кој се предвидува разликата меѓу бројот на гласачи во изборните единици, од сегашните пет проценти, да се намали на само еден насто.
Доколку патениците го усвојат овој предлог на ДПА тоа ќе значи отворање на потребата за прекројување на сите шест изборни единици на територијата на Македонија.
Се очекува овој предлог да се најде пред пратениците на денешната седница на Собранието.