27 Ноември, 2024
0.0278

ДР. ВАСЕВ: Нема научни докази дека алтернативен лек излекувал болни од канцер

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Се почесто луѓето барајќи спас од болеста на 21 век посегнуваат по алтернативна медицина. Читаат разни информации на интернет, и лесно потпаѓаат под влијание мислејќи дека со алтернација наместо со правилна терапија ќе ја надминат битката со ракот.  Од друга страна онколозите децидни дека канцерот не поминува со алтернативна медицина и дека се манипулира со пациентите. Препорачуваат само лекување со правилна терапија, медицинска со нови иновативни лекови, терапии пропишани по меѓународни протоколи .

Алтернативната медицина која се пласира во јавноста, на интернет не е докажана, односно ако некој лек помага во лечење на било која болест мора да биде докажан во научна студија па дури тогаш да се нуди на пазарот. До овој став се држи и онкологот Нино Васев. Првиот човек на Клиниката за онкологија не препорачува алтернативна медицина.

„Алтернативна медицина без стандарно лечење не препорачувам. Самиот збор алтернативна, значи дека не треба нормална терапија, туку треба алтернација, друга вид на  терапија.  Докажана медицина на сметка на алтернативна - Не!. Сите оние лекови кои се пласираат на интернет а во кои се вбројуваат Варумин, Црна шкорпија, Кубанска вакцина против канцер, не се докажани научно никаде дека помагаат. Јас навистина незнам кој им дозволува  истите да се нудат. Тоа е манипулација со зборови“, потенцира директорот на онкологија.

Како онколог  со 33 години искуство, др. Васев вели дека имал пациенти кои го користеле алтернативниот лек Варумин, но според него тој лек не покажал никаков ефект.Потенцира дека правилни терапии и нови иновативни лекови се единствениот начин кој дава голема сигурност во лечењето на канцерот, посочувајќи дека канцерот треба да биде и навреме откриен, но и поддршката на пациентот од  страна на лекарот и семејството е навистина многу важна во надминувањето на болеста.

„Ниеден алтернативен лек во светот во моментот нема никаков научен доказ , надвор од стандардна онколошка терапија дека делува против канцерот. Тој што има лек мора да го докаже во научна студија“, вели др. Васев.

Според онколозите за разлика од алтернативната медицина, комплементарната медицина, односно додавањето на нешто на стандардното лечење како на пример маслото од канабис  е дозволено од страна на лекар специјалист во текот на лекувањето на пациентите.

Чумата на векот се почесто се победува

Се зголемува бројот на пациенти кои ја надминале болеста на 21 век. Над 20 % од пациентите со рак на дојка успеале со новите иновативни лекови и новите терапии да го победат канцерот на дојка, вели за Фактор  директорот на онкологија, др. Нино Васев.


„Голема е сигурноста на лечење на канцерот само и единствено ако се користат меѓународните протоколи кои ги користиме и кај нас во Македонија и тоа е единствениот начин на лекување.  Новите иновативни лекови и новите терапии. Медицина евидентирана  на докази“, тврди др. Васев додавајќи дека се прават напори да се отвори кабинет на психолог, за поддршката на пациентите, бидејќи луѓето се исплашени, читаат различни дезинформации на интернет и психологот би им бил од голема корист во насочување и советување со алтернативната медицина.

Н.М.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПОМИНАТ КИЛОМЕТАР ЗА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Славески вели дека сега е на потег Арсовска

ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЦЕНАТА ЗА ПОМИНАТ КИЛОМЕТАР ЗА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ: Славески вели дека сега е на потег Арсовска

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

МИЦКОСКИ ЗА БАРАЊАТА ЗА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Oдлучиле да бидат заложници на луѓе кои живеат во средниот век, а не гледаат напред

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

ЗА НЕКОЛКУ ЧАСА АПЛИЦИРАЛЕ ДЕСЕТТИНА КАНДИДАТИ ВО ЛИДЛ МАКЕДОНИЈА: Работно место – проектен менаџер за осигурување

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

„НЕКОЈ ДА НЕ ГО МЕСТИ ФИЛИПЧЕ“?: Премиерот Мицкоски зачуден од неговите изјави за унгарскиот кредит

ОСТАНАЛ БЕЗ 12.000 ЕВРА: Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин

ОСТАНАЛ БЕЗ 12.000 ЕВРА: Охриѓанец e измамен со „шема“ со биткоин

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

КОС НЕ МОЖЕ ДА ДАДЕ ГАРАНЦИИ: Очекува дека Македонија ќе направи уставни измени

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града

ДВА ЗЕМЈОТРЕСИ ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресоа два мали града

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

„ГО ЧЕКАМЕ ИСХОДОТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ“: Филков за осудените Демири и Исмаиловиќ за петкратното убиство кај Смилковско езеро

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата

Телохранителот на Сашо Мијалков добил 50.000 евра отштета од државата