19 Декември, 2025
0.1646

Драгана Чифлиганец добитничка на признанието „ДАМА во градежништвото“

Објавено во: Мои пари 08 Март, 2014 20:32

Добивај вести на Viber

Извршниот директор на градежната компанија Адора Инженеринг, Драгана Чифлиганец е добитник на признанието „ДАМА во градежништвото“ за посебен придонес во градежништвото и уривање на стереотипите.

Признанието по прв пат се додели на затворањето на Саемот за градежништво и недвижности 2014.

„Мој приоритет е следењето и примената на светските стандарди и иновации во Македонија за квалитетно, сигурно, економично и здраво домување во изградбата на енергетски ефикасните домови“, изјави Чифлиганец по добивањето на признанието.

Таа е потврда за постоењето на цврсти и силни жени во „машкиот градежен бизнис“. Како млада личност, д-р Драгана Чифлиганец ги има поминато сите скалила на развој и практична едукација во високата градба, работејќи вредно, професионално  и посветено во градежната компанија Адора Инженеринг, за што образовно се има едуцирано на реномираниот англиски универзитет Шефилд во Солун, Грција, а докторската титула од областа на управувањето со малите и средни претпријатијата во Македонија, ја стекна на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Инаку, Адора Инженеринг на 4-тиот меѓународен Саем на недвижности и инвестиции REALEXPO 2014, оствари рекордна продажба на станови. „Многу сум задоволен од Саемот на недвижности 2014, на кој штандот на Адора Инженеринг го посетија илјадници посетители. За време на саемот продадовме 14 елитни висококвалитетни станови, а 20 заинтересирани купувачи ги очекуваме да потпишат договор за купување стан наскоро. Им благодарам на сите купувачи и посетители на штандот на Адора Инженеринг за довербата и ветувам дека ќе продолжиме со изградба на сигурни, енергетски ефикасни, долгорочно економични станови и во иднина“, порача проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на Адора Инженеринг на затворањето на REALEXPO 2014. Купувачите на стан од Адора Инженеринг на Саемот на недвижности 2014  освоија традиционално патување во светската  туристичка атракција Дубаи, низа поволности и пригодни саемски подароци. Заедно со останатите купувачи на стан од Адора Инженеринг во текот на 2014-та, купувачите на стан на саемот влегуваат и во трка за добивање на вредната награда најнов модел автомобил ПОЛО, на  извлекувањето на крајот од годинава.  

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии